Добро утро со Инфомакс: Татковината е тоа, рече тој и саноќ, грутка по грутка, прашинка по прашинка ја собираше
Анте Поповски е македонски поет, есеист, препејувач, публицист и политичар.
Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија и Индија.
Поповски својата инспирација ја наоѓа во Македонија и голем дел од неговото творештво е посветено токму на татковината за која употребува најмилни зборови.
Добро утро Македонци, уживајте во “Татковина” на Анте Поповски:
Татковина
Кога пристигна бродот во таа далечна земја
Тој виде непознат народ поседнат на брегот
И јадри ѕвезди на небото.
Што носи кога го прашаа
тој покажа врзана шамија со земја,
а кога му ја истурија заплака.
Татковината е тоа рече тој и саноќ
грутка по грутка, прашинка по прашинка
ја собираше.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…