Добро утро со Инфомакс: Kако нас можат да се родат десетици, стотици но Македонија едвај ли ќе роди втор Делчев

t

Денеска ви пренесуваме дел од мислењата на Андон Ќосето за еден од најголемите македонски револуционери, Гоце Делчев.

„Кој го знаеше и кој не го знаеше, го почитуваше. Сите чети, што ги имаше тогаш – легални, нелегални, сите му беа нему потчинети. Кај него немаше никогаш груба забелешка, да рече лош збор или да се намурти. Се’ си беше весел. Беше многу доверлив.“- раскажува Ќосето за големиот македонски револуционер.

Тој вели дека Делчев многу често добивал болки во стомакот, кои, смета тој, биле последица од студената вода на реката Брегалница.

 „Кога беше во Штип како учител таму немаше работници. Тогаш доаѓаа материјали преку границата. Ги носеа до Саса. Тој сам ги пренесувал пушките преку реката Брегалница со голема мака, по студ, и ги препраќал за Царевоселско (Делчевско), за кон Голак. Така тој ја доби болеста во стомакот. Кога се движеше во Македонија, ако каснеше леб веднаш ќе почнеше да повраќа; и тој беше принуден преку ден да јаде по 2-3 јајца без леб и некаде, ако најде чаша млеко. И покрај тоа што страдаше од таа болест и гладуваше, од ништо не се плашеше, секогаш охрабруваше. Секогаш и насекаде советуваше и никој не можеше да го осуди за ништо.“

, раскажува Ќосето.

Тој додава дека кога бил жив Гоце духот на TМOРО  бил многу силен и немало расправии меѓу револуционерите како подоцна. 

„Откако загина во Серско, реално, Организацијата не умре, меѓутоа, таа не беше така организирана и не можеше да се подготви како во неговото време, затоа неговите стари другари, кои што беа отпорано, останаа малку без заштита, бидејќи излегоа нови сили, нови умови. Некои од неговите стари другари, кои што останаа, кои што го знаеја, држеа, се мачеа, меѓутоа не беше тој дух, што го имаше во негово време. 

Ако Делчев некаде го откриеја со некоја чета, никогаш не им велеше на војводите, ајде, сега ти напред. Во него имаше честољубие. Мене ми е тешко за секој паднат другар. Меѓутоа, како нас можат да се родат десетици, стотици. Но Македонија едвај ли ќе роди втор Делчев.“

, говори Андон Ќосето со неизмерна почит за големиот македонски револуционер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Ќосето е синоним за правда! Секој…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчеравечер…

АИРЛИЈА! Арсовска го враќа споменикот на Ќосето!

Неправдата конечно е исправена. Со 23 гласа…

“Лажен мицковистички патриотизам”: “Шпицниот” наместо капитални проекти…

"Шпицниот" градоначалник наместо да отвора капитални проекти…

БРАВО: Арсовска поднесе иницијатива за враќање на…

Денес доставив иницијатива до Советот на Град…

Општина Центар не дозволува споменикот на Ќосето…

Општина Центар експресно го одби барањето на…