Објавено на:

Договорот од Охрид е гаранција за мирот и стабилноста на регионот, вели албанскиот претседател

t

Албанскиот претседател Бајрам Бегај ја поздрави, како што наведува во објава на Фејсбук, „постигнатата јавна согласност меѓу Косово и Србија и посветеноста за спроведување на основниот договор и соодветниот анекс“.

Според него, овој договор е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на регионот во Европската унија.

-Го поздравувам постигнувањето во Охрид, Македонија, постигнатата јавна согласност меѓу Косово и Србија и посветеноста за спроведување на основниот договор и соодветниот анекс. Овој договор е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на регионот во Европската унија. Верувајте дека гарантите на овој договор ќе го направат обврзувачки и спроведлив за страните. Им благодарам на Европската унија за посредувањето и на САД за силната поддршка, пишува Бегај.

Околу Анекс договорот за нормализација на меѓусебните односи на Србија и Косово свои оценки изнесоа и повеќе албански политичари, меѓу нив и поранешниот шеф на дипломатијата и екслидер на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, според кого Курти покажал лидерство, но изразува жалење што Србија не потпишала.

-Косово и Србија во Охрид направија важен чекор на патот на соработката и евроинтеграциите. Косово под водство на Албин Курти уште еднаш покажа дека е на маса со конструктивност и волја да потпише договор кој му служи на Косово, но и на регионот и на самата Србија да отвори нова страница на мир и стабилност. Штета што Србија повторно одби да го потпише овој договор и се надевам дека немањето потпис нема да послужи како изговор за одложување на спроведувањето на договорот, пишува меѓу другото Баша.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По четири и пол години, една држава…

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…

Белгија планира да испрати затвореници во Косово

Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…

Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…

Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…

„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…

Не сме дел од никаква група за…