Додека семејствата на загинатите од Кочани протестираат, премиерот и министерите пак се шетаат по светот!
Додека семејствата на загинатите од Кочани протестираат, премиерот и министерите пак се шетаат по светот. Од владата известија за најновата прошетка на премиерот и дел од министрите.
Ве известуваме дека на 29 и 30 април, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со партиска делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили ќе присуствуваат на дводневниот Конгрес на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
На конгресот претседателот Мицкоски ќе има и свое обраќање на првата пленарна сесија. Претседателот Мицкоски ќе одржи и неколку билатерални средби, меѓу кои со Австрискиот премиер и претседател на сестринската партија ОВП, Стокер, како и со претседателот на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, Вучевиќ, со претседателот на Демократската партија на Албанија и поранешен премиер и претседател на Албанија, Бериша и други европски лидери. Исто така претседателот Христијан Мицкоски ќе присуствува и на вечерата организирана за лидерите од Европската народна партија, истакнаа од владејачката партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…