Додик: БРИКС е единствената сигурна и стабилна алтернатива на постоечкото уредување на светот

t

Претседателот на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска Милорад Додик изјави денес во Казањ во Русија дека БРИКС е единствената сигурна и стабилна алтернатива на постоечкото уредување на светот и дека тоа „мировно движење“ треба уште повеќе да зајакне.

Додик кажа дека речиси нема земја која не сака да се види во одредени контакти и соработка со БРИКС, кој го оцени како „мировно движење во светот, кое се обидува да обезбеди стабилност и мир, уважувајќи го суверенитетот, внатрешното уредување, без мешање во внатрешните прашања на другите земји“.

Според него, тоа е „сојуз на независни држави кои своеволно, без какви било притисоци, се вклучуваат во оваа организација со желба светот да биде поправеден и подобар и постабилно место за живот“.

„Тоа е нешто што во униполарниот свет може само да се сонува. Според тоа, ова е реална алтернатива на она што го имаме сега во светот“, истакна Додик, а пренесува Радиотелевизија на Република Срспка.

Тој изрази уверување дека во следниот период и Србија ќе донесе одлуки во врска со БРИКС.

Во Казањ од 22 до 24 октомври ќе се одржи самит на БРИКС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик: БРИКС е единствената сигурна и стабилна…

Претседателот на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска Милорад…

Кремљ за евентуалниот влез на Србија во…

Портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифинг…

Либиец уапсен во Берлин: планирал напад врз…

СветЛибиец уапсен во Берлин: планирал напад врз…

(Видео) Физиотерапевт без образложение избркан од работа,…

Физиотерапевтот од Струга, Димче Димоски, кој 19…

Рама: Обединувањето со Европа е пат со…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека обединувањето…