Додик: БРИКС е единствената сигурна и стабилна алтернатива на постоечкото уредување на светот

t

Претседателот на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска Милорад Додик изјави денес во Казањ во Русија дека БРИКС е единствената сигурна и стабилна алтернатива на постоечкото уредување на светот и дека тоа „мировно движење“ треба уште повеќе да зајакне.

Додик кажа дека речиси нема земја која не сака да се види во одредени контакти и соработка со БРИКС, кој го оцени како „мировно движење во светот, кое се обидува да обезбеди стабилност и мир, уважувајќи го суверенитетот, внатрешното уредување, без мешање во внатрешните прашања на другите земји“.

Според него, тоа е „сојуз на независни држави кои своеволно, без какви било притисоци, се вклучуваат во оваа организација со желба светот да биде поправеден и подобар и постабилно место за живот“.

„Тоа е нешто што во униполарниот свет може само да се сонува. Според тоа, ова е реална алтернатива на она што го имаме сега во светот“, истакна Додик, а пренесува Радиотелевизија на Република Срспка.

Тој изрази уверување дека во следниот период и Србија ќе донесе одлуки во врска со БРИКС.

Во Казањ од 22 до 24 октомври ќе се одржи самит на БРИКС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…

„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…

Нов бран закани за поставени експлозивни направи…

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…

Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…