Додик: Не смее да се заборави и прости страдањето на Србите во Јасеновац
Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, вчера во Јасеновац изјави дека „страдањата на српскиот народ од рацете на хрватскиот усташки режим во Втората светска војна никогаш не можат да се заборави или прости“.
„Србите мора да знаат дека во периодот од 1941 до 1945 година, до април, илјадници и илјадници Срби беа убивани секој ден од хрватскиот усташки режим и дека никогаш не смееме да престанеме да го одбележуваме и паметиме тоа страдање“, рекол Додик, цитиран од Срна.
Додик во манастирот Свети Јован Крстител присуствуваше на литургијата по повод централното празнување на празникот Свети новомаченици од Јасеновац, која ја служеше српскиот патријарх Порфирије.
Српскиот член на Претседателството на БиХ истакна дека Јасеновац е место на вечна тага за Србите кои беа убиени само затоа што му припаѓале на српскиот народ и на православната вера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…