Додик: Целосна поддршка за Израел во борбата против терористите!
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на Твитер изрази поддршка за Израел, а Палестинците од Хамас ги нарече терористи, што предизвика низа реакции во српската јавност.
– Република Српска целосно го поддржува правото на Израел на самоодбрана и заштита на нејзината територија и народ. Ја поддржуваме државата #Израел, нивните лидери и институции. Заедничката историја на страдање цврсто ги врзува српскиот и израелскиот народ.
Силно се спротивставувам на терористичките напади врз #Израел во кои стотици цивили ги загубија животите, над илјада беа ранети, а голем број беа заробени! Тероризмот мора да се победи! – напиша Додик на Твитер.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…
Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…
Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…
Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…
Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…
Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…
Израелската војска ги предупредува Иранците да ги…
Израелската војска денеска ги предупреди иранските граѓани…