Доживотен затвор за бугарски фудбалер, кој си го уби најдобриот пријател со 97 убоди со нож
Поранешниот фудбалер на Пирин и Беро, Марио Метушев, е осуден на доживотен затвор за убиството на неговиот пријател Красимир Колоџијев во 2018 година.
Сѐ се случувало во куќата на несреќниот Красимир кого осудениот Марио го избодел 97 пати. Тие двајца биле најдобри пријатели од раѓање. Скандалот избувнал откако и двајцата конзумирале поголема количина алкохол, пишува Нова.бг.
Оваа одлука не може да се обжали. Дополнително, Метушев ќе треба да плати издршка за детето Надја К. во износ од 300.000 бугарски лева, како и Надежда К. во износ од 150.000 лева, а за Рожен К. во износ од 100.000 лева. Таа сума е околу 280.000 евра.
Во текот на судењето сите приговори на адвокатот на обвинетиот биле отфрлени.
Врховниот суд констатирал дека обвинетиот не реагирал во самоодбрана, а тешките повреди му биле нанесени на оштетениот додека веќе бил на земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…