Објавено на:

Доживотен затвор за бугарски фудбалер, кој си го уби најдобриот пријател со 97 убоди со нож

t

Поранешниот фудбалер на Пирин и Беро, Марио Метушев, е осуден на доживотен затвор за убиството на неговиот пријател Красимир Колоџијев во 2018 година.

Сѐ се случувало во куќата на несреќниот Красимир кого осудениот Марио го избодел 97 пати. Тие двајца биле најдобри пријатели од раѓање. Скандалот избувнал откако и двајцата конзумирале поголема количина алкохол, пишува Нова.бг.

Оваа одлука не може да се обжали. Дополнително, Метушев ќе треба да плати издршка за детето Надја К. во износ од 300.000 бугарски лева, како и Надежда К. во износ од 150.000 лева, а за Рожен К. во износ од 100.000 лева. Таа сума е околу 280.000 евра.

Во текот на судењето сите приговори на адвокатот на обвинетиот биле отфрлени.

Врховниот суд констатирал дека обвинетиот не реагирал во самоодбрана, а тешките повреди му биле нанесени на оштетениот додека веќе бил на земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…

Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…

Бугарската влада во вторник се задолжи за…