(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон – ДПМНЕ повторно го позлати „бандитот близок до СДСМ“

t

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон со нови 52.824.773 денари или речиси 860.000 евра!

Претходно Инфомакс објави документи за три милиони евра кои Стентон градба (фирма блиска до СДСМ, како што потпретседателот на ДПМНЕ, Александар Николоски милува да каже) ги доби од Општина Битола и општинските претпријатија, односно од буџетот на Битола и парите на граѓаните.

Денеска објавуваме документи за уште еден тендер од неверојатни 52,8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ од Општина Битола за Стентон градба. Договорот е склучен на 15.04.2024 година, а објавен на веб-сајтот на јавни набавки вчера. Се работи за договор за изградба на објект за противпожарна заштита, односно противпожарна единица во АРМ.

На тендерот се пријавиле три компании, меѓутоа интересни се условите за компаниите кои можат да се пријават на тенддерот.

Условите се следните:

Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:

  • Реализација наминимум 3 (три) договори поврзнани со предметот на набавка за изградба или реконструкција на ОБЈЕКТИ ОД ВОСОКОГРАДБА (забелешка, се пишува вИсокоградба) во последните 5 години од кои минимум еден реализиран договор да биде со минимална вредност од 50.000.000,00 денари со ДДВ
  • Да има вработено или ангажирано:
  • најмалку 20 (дваесет) работници,
  • најмалку 1(едно)стручно лице со Овластување Б за изведба од областа на градежништво
  • Понудувачот да има на располагање потребна опрема, механизација и транспортни средства за реализација на договорот без оглед дали му припаѓаат на Е.О.

Минимум:

  • Бетонска база————-1 парче
  • Пумпа за бетон———-1 парче
  • Скип————————2 парчиња
  • Комбиниран вибро ваљак(вкупна маса мин.10 тона)————1 парче
  • Камион кипер(вкупна маса мин.20 тона)————————–2 парчиња
  • Опрема за испитување на Модул на стисливост

Првиот услов, кој предвидува, меѓу другото, минимум еден проект со вредност од 50 милиони денари да бил реализиран во последните пет години исклучува од „игра“ голем дел компании на пазарот, исто како и бетонската база и опремата за испитување на Модул на стисливост. Ама па како инаку Стентон би добил уште 52,8 милиони евра од Битола, и досегашните три милиони евра, да станат речиси 4 милиони евра?

Наместо на секој тендер да се предвидат минимални услови, за да можат да се пријават што поголем број на компании, за да може да се добие најповолната понуда и што пониска цена, поедноставно е да се предвидат услови што ги исполнуваат 2-3 компании, па така и полесно да се намести тендерот.

Инаку, на договорот е потпишан градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ немало секогаш добро мислење за Стентон градба, како што очигледно има сега. Во продолжение слушнете што зборуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, за оваа компанија.

Но тоа што е интересно е што и самото СДСМ има направено прес-конференција на која ги обвинува дека „Стентонот“ соработува со Мицкоски и партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, а за тоа објавија и фотографија на која се наоѓа Мицкоски и бизнисменот Благој Крстевски.

Еве го и самиот Мицкоски фотографиран со сопственикот на Стентон Градба.

ОЈО, МВР и ДКСК имаат уште еден тендер за разгледување и истражување, уште еден случај каде постои сомневање за злоупотреба на парите на граѓаните, а вие почитувани наши сограѓани читајте и информирајте се како се трошат вашите пари и дали сакате индиректно да финансирате џебови на поединци или на политички партии.

Во продолжение, претходниот текст на Инфомакс за тоа како Коњановски го позлати Стентон со три милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…