(Документи)Македонија е „Хеленик Петролеум“, ОКТА е државата – како навистина недостасуваат 5 милијарди евра народни пари, и кој си ја купи Македонија уште во 1999 година

t

Пишува: Aлександар Митовски, Александра Петровска
Фото/Илустрација: Филип Стојановски


И баба знае да вози Масерати ако “части” државата…

Не за џабе народот кога ќе му спомнеш име на политичар не дава друг опис освен: “Сите се исти, краде кој ќе стигне”. “Кој ќе стигне” во случајов цели 24 години континуирано ја краде државата, а во моментот додека го читате овој текст, таа кражба се уште трае.

Во продолжение ќе прочитате за мрежа функционери, поранешни, сегашни, од власт и од опозиција, која здружено ја краде Македонија, а судство и обвинителство досега не мрднале ниту со прст.

Станува збор за продажбата на ОКТА, продажба која е скандалозна и сама по себе противуставна и противзаконска (што се заклучува од одредбите на договорот кој ќе го прочитате во продолжение) , зделка за која некој уште од самиот почеток требало да биде, или бил свесен, дека ќе предизвика милијарди евра штета за државата, ама па за сметка на тоа се наполнил нечиј друг џеб, па се појавија во Македонија “средно богати бизнисмени”.


Да почнеме од почеток, како се краде/ла Македонија?

Сите се сеќавате на продажбата на ОКТА на грчката компанија “Хеленик петролеум”.

Повеќе од 20 години никој не знае што пишува во договорот за продажба на ОКТА кој досега ја чини државата стотици милиони евра, но дојде време да се објави и тој документ кој претходно споменатите “бизнисмени” дадоа се од себе да го сокријат, ама неуспешно.

Договорот за купопродажба на акции за концесија е потпишан на 8 мај 1999 година помеѓу Република Македонија и АД “EL.P.ET – Balkanike” Societe Anonyme Petroleum Trading and Investment (компанија заеднички контролирана од HELLENICA PETRELEUM S.A и METON – ETEP S.A).
Потписници во име на Република Македонија се Борис Стојменов како министер за финансии на Р.М и Марјан Ѓорчев како директор на Агенцијата за приватизација на државно земјиште, кој во меѓувреме е сменет од функцијата, па анексите на Договорот се потпишани од Слободанка Ристовска, наследничката на Ѓорчев на позицијата директор на Агеницјата за приватизација на државно земјиште. Премиер во тој период е Љубчо Георгиевски.
Потписници од страна на Хеленик Петролеум се Елефтериос Целас и Николаос Чионис.

Што содржи договорот и каде настана спорот?

Договорот е спорен како целина, уште од самото потпишување, па до денешниот ден произведува последици кои значат милјарди помалку од џебот на народот, но неколку работи се спорни за Хеленик Петролеум, фирмата која ја купила ОКТА, а подоцна извлекува милијарди од Македонија преку арбитражи токму поради овој договор. Договорот предвидува дека во случај на спор, истиот ќе се решава по пат на арбитража, а важечко во процесот ќе биде швајцарското право.

ЧЛЕН 37

Во случај која било од определбите на овој договор е прогласена за неважечка според правото на Швајцарија, другите одредби од договорот ќе останат во полна сила како таа одредба од договорот воопшто и да не била дел од договорот од самиот почеток
д) Меродавно право: Овој договор и сите права и обврски кои од него произлегуваат или се во врска со овој договор, ќе се спроведува и ќе се толкува во согласност со правото на Швајцарија освен одредбите кои резултираат со судир на законите.

Првата арбитража ОКТА ја започнува поради две главни причини, недоволна количина на мазут откупена од страна на Македонија и прекршување на ексклузивните права на ОКТА.

Најпрво во Договорот е предвидено купување на енормно висока количина на мазут од страна на Македонија, количина која државата никогаш, ниту до денешниот ден не ја потрошила. Имено, се предвидува Македонија во 2000 година да купи 400.000 тони мазут, додека во следните 19 години (Договорот е склучен со времетраење од 20 години, што исто така е проблематично), Македонија се обврзува да купува по 500.000 тони мазут годишно, освен во случаи кога е спречена да го стори тоа поради vis major (виша сила).

Во Договорот во членот 5 (пренесен во продолжение) се предвидуваат ексклузивните права на ОКТА:

ЧЛЕН 5 – ЕКСКЛУЗИВНИ ПРАВА

5.1. Во интерес на востановување и зачувување на нормални услови на рафинериско и пазарно работење, Компанијата како увозник на сурова нафта на Тетиторијата (Република Македонија) ќе има ексклузивно право, кое подлежи, во секој случај, на тоа Рафинеријата (ОКТА) да е способна да ги задоволи барањата на Енергетскиот биланс, како што се применува во временскиот период:
а) На увоз на Територијата на други деривати
б) На увоз на Територијата на други деривати кои се произведуваат преку и над количествата произведени од компанијата, но во овој последен случај само до максимално вкупно количество на тие деривати кои се произведуваат од 1.500.000 тони годишно за ограничен период од пет години и под услов за секоја од тие пет години соодносот на увезените деривати и дериватите кои се произведуваат во Рафинеријата да не биде поголем од еден спрема пет
5.3 Инвестиорот ќе има ексклузивно право на соработка во рамките на Територијата со Државата (вклучувајќи ги сите ентитети кои ефективно се под нејзина контрола) непосредно преку Компанијата.

Каде се јавува проблемот? Ако ова го чита просечен правник или економист, ќе знае дека Договорот предизвикува ОКТА да добие монопол врз набавката на мазут и деривати на мазут, што е спротивно на македонското, но и на европското законодавство. Ова го забележува и една разумна Влада, единствената која се обидува да ги ублажи последиците од договорот, дури и да се надомести штетата предизвикана на Македонија на легален начин. Станува збор за владата на поранешниот премиер Никола Груевски, но за тоа потоа…

Договорот, бидејќи очигледно било малку да ѝ се даде монопол на рафинеријата, предвидува и повластени царини за ОКТА.

ЧЛЕН 8 – ЦАРИНИ

8.1 Продавачот ја презема обврската дека царините кои се пропишани и се применуваат на увозот на Команијата на сурова нафта нема да надминат еден процент од вредноста на таквиот увоз (освен ако поинаку не е определено во анекс Г, а не е).
8.3 Продавачот изјавува и потврдува дека царините на увозот на деривати произведувани од Рафинеријата кои се пропишани за увозот на таквите производи од било кое друго лице освен од Команијата или од Компанијата над дозволеното количество на увезени произведувани деривати нема да биде помала од 20% од вредноста на таквиот увоз со тоа што изрично е договорено дека во случај пропишувањето на таквите царини да не е возможно поради меѓународни обврски на државата или од уставноправни причини, Државата ќе пропише такви други даноци или дополнителни обврски врз тие други увозници за да обезбеди еквивалентна економска заштита во полза на компанијата како што е предвидено со овој член.

Ваквата одредба на Договорот исто така е противзаконска и противуставна, на што ќе посочи Македонија за време на арбитражата подоцна, но за жал премногу доцна…

Договорот предвидува и повластени даноци за ОКТА.

ЧЛЕН 9 – ЦЕНИ И ДАНОЦИ


д) Даночниот износ за секој даночен период ќе претставува за секој соодветен период износот на акцијата која компанијата ѝ ја должи на државата.
е) Компанијата нема да биде обврзана на авансно плаќање или плаќање на втасани, а неплатени акцизи, ккао што е предвидено погоре, што се засновува врз било која друга калкулација на акцизите што ги должи , освен онаа која е предвидена со горните одредби

Во членот 10 се определува количината на мазут која Македонија треба да ја купува на годишно ниво.

ЧЛЕН 10 – ПОТРОШУВАЧКА НА ПРОИЗВОДИТЕ НА РАФИНЕРИЈАТА

1.1 а) (Р.М) Ќе вложи максимални напори постројките за производство на електрична енергија во Битола и Неготино постепено да ја зголемат потрошувачката на мазут, што е можно побрзо, во секој случај не подоцна од 1 јануари 2000 година.
ц) Не подоцна од денот на склучувањето на договорот ќе склучи договор со Компанијата гарантирајќи минимум количество на потрошувачка на мазут
10.2 Продавачот во својство на државна власт му гарантира на Стратешкиот инвеститор дека потрошувачката на мазут (во мерка во која таа се однесува на произвдите на компанијата) нема да биде:
а) помала од 400.000 тони за 2000 година
б) помала од 500.000 тони годишно почнувајчи од 2001 година и до дваесеттата година од денот на Стекнувањето

Македонија, во членот 11 се обврзува и за заштита на “странската инвестиција” на ОКТА.

ЧЛЕН 11 – ЗАШТИТА НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

Продавачот во својство на државна власт се обврзува и гарантира дека инвестицијата на Стратешкиот инвеститор нема да биде во ниту еден временски период национализирана, експроприирана или поопштествена и дека на Стратешкиот инвеститор ќе му биде дозволено во секое време да ја продаде инвестицијата во целост или делумно…

Читајќи го Договорот ќе добиете впечаток дека единствена страна која има неккави обврски кон другата страна е Македонија, што е вистина, Договорот е целосно асиметричен и единствено штетен за нашата држава, не и за ОКТА или Хеленик Петролеум.

ЧЛЕН 22 – ОБВРСКИ НА ПРОДАВАЧОТ ВО ВРСКА СО НАФТОВОДОТ


22.1 б) (Р.М) ќе гарантира дека нема да има промена во постојните правни прописи или донесувањето на нови закони со неповолни последици врз правниот статус на Сопственикот на нафтоводот или неговите материјални добра
ц) ќе обезбеди дека до третата годишнина од Стекнувањето, сопственикот на нафтоводот и компаниите кои се поврзани со него се ослободени од царини, други давачки, односно друга додадена вредност за материјали, опрема и слично увезени или од одмашно производство и/или купени во текот на изградбата или експлозатацијата на Нафтоводот. Истите ослободувања важат за секое трето лице ангажирано непосредно или посредно од страна на Сопственикот на Нафтоводот за време на таквиот ангажман
д) ќе се обезбеди Сопственикот на нафтоводот и/или компаниите поврзани со него да бидат целосно ослободени од данок на целиот и секој приход остварен на Територијата или кој на друг начин нормално би подлежел на данок на Државата за период од пет години
е) ќе се пружи разумна помош на Сопственикот да го продолжи нафтоводот во соседните држави
22.2 Р.М гарантира дека:
б) рутата на нафтоводот ќе бид еонаа предвидена со Анекс Ф
понатака во сите точки Р.М се обврзува да изврши секоја потребна експропријација, надомест, да му ги обезбеди сите права на продавачот за изградба на нафтоводот по соодветната траса.

Како што можевте да прочитате, Македонија се обврзала дека нема да носи закони кои ќе ѝ штетат на ОКТА, запрашајте се, особено правниците кои го читаат овој текст, дали знаат друга држава која се обврзала да не носи закони на штета на компанија со Договор кој треба наместо да се крие, да се изучува во учебниците по економија и право, а богами и политика, за тоа како НЕ треба да изгледа договор.

Во челенот 23 се предвидува дека ОКТА ќе биде “чувар” на домашните резерви, а за тоа ќе добива надомест од страна на државата.

ЧЛЕН 23 – ДРЖАВНИ РЕЗЕРВИ

Продавачот се обврзува и гарантира да во случај домашното законодавство да предвидува постоење на државни резерви Компанијата има право и обврска да ги чува и да управува со тие резерви во име на државата, а сите трошоци во врска со тоа ќе бидат наплатени од Државата.

Малку подоле во текстот ќе објасниме согласно кои закони сите досега споменати одредби се противзаконски и не смееле да бидат дел од договорот, но на потписниците кои ги споменавме погоре, или никој не им укажал, а требало да им укаже на противуставноста и противзаконитоста на одредбите, или самите биле убедени дека се е законски, па решиле да дадат и гаранции за Договорот, нешто што подоцна, за време на арбитражата ќе биде погубно за Македонија.

ЧЛЕН 31 – ИЗЈАВИ И ГАРАНЦИИ НА ДВЕТЕ СТРАНИ.

31.2 Страните изјавуваат дека го склучиле овој Договор по слободна волја и со тоа потврдуваат дека сите одредби и услови предидени со Договорот се фер и разумни и од таа причина страните се откажуваат од правото од било која причина да го оспоруваат наведеното во овој договор

Дека потписниците биле свесни за можните негативни реакции од јавноста и стручната фела, покажува и одредбата од членот 35 кој предвидува Договорот да се чува во најстрога тајност додека не биде ратификуван од страна на македонското Собрание.

ЧЛЕН 35 – ДОВЕРЛИВОСТ

Секоја од страните се обврзува до ратифкацијата на билатералниот договор од страна на парламентот на Дражавата да ја смета како и чува во доверливост содржината на Договорот и оневозможи пристап до него на своите вработени и трети лица кои тесно се поврзани со исполнување на договорот.

Да не биде дека во Договорот нема оврски и за ОКТА, има, на пример во Анексот А е предвидено дека Компанијата ќе влезе на малопродажниот пазар преку обнова на постојните малопродажни места и преку изградба на нови, во нејзина сопственост или по пат на франшиза, што ОКТА не го прави, а подцна Македонија, за време на арбитражата ќе посочи на оваа обврска.

Како што можевте да прочитате досега, Договорот е тотално асиметричен и штетен, Македонија никогаш немала и нема потреба од толкави количини на мазут. Дополнително, ОКТА никогаш и не можела да произведе толкава количина на мазут, што би значело дека таа не може да ги исполни обврските од Договорот. Ова има идеја да го искористи Владата на Груевски, која започнува цела операција за победа во случајот “ОКТА”, а воедно и надомест на штетата предизвикана од Договорот и Арбитражите. И за ова малку подоцна, сега за Арбитражата.

Што значи Арбитражата ОКТА против Република Македонија и како течеше процесот?

Најпрво, да објасниме што значи арбитража за оние кои не се правници.

Арбитража е механизам за донесување одлуки кој се користи кога две или повеќе спротивставени страни не можат да постигнат договор или продолжеток на работата кон комплементарната цел. За разлика од судските процеси, арбитражата завршува во покус временски период, тие се поевтини, одлучува независно лице и се флексибилни во согласност со потребите на странките. Исто така, за разлика од судските постапки, арбитражите се едностепени и во нив нема можност за правни лекови пред повеќе судски инстанци. Најчесто, при арбитражата, доказната постапка се изведува во мал број рочишта, кои траат неколку дена или неколку недели, а потоа арбитрите ја носат одлуката. Арбитражната одлука е конечна и странките немаат право на жалба, а одлуката има правосилно дејство и претставува извршна исправа. Флексибилноста и помалата формалност на постапката овозможува двете странки да го договорат временскиот распоред на процесните дејствија, со што арбитражата е поефикасна. Инаку, странките сами ги избираат арбитрите, најчесто од списокот на квалификувани лица на арбитражната институција.

Арбитражата за која зборуваме се води пред Меѓународниот арбитражен суд и Меѓународната стопанска комора, предмет бр. 13176/ФМ, предмет кој никогаш не беше споделен со јавноста.

Застапници на Република Македонија во оваа арбитража се Професорот Пјер Лалив, Д-р. Веијео Хамсканен и г-ѓа Домитилле Баизеау (адвокатска канцеларија Лалив & партнерс).

Арбитражниот трибунал се состои од Проф. Мајер од Париз, номиниран од страна на тужителот (ОКТА, Хеленик Петролеум), Судијата Чарлс Н. Бауер (Лондон) номиниран од страна на тужениот односно Република Македонија и Проф. Андреа Гиардина во договор меѓу претходните двајца номинирани.

Барањето за арбитража е поднесено на 1 март 2004 година согласно членот 37 (ф) од договорот кој предвидува дека доколку има некаков спор ќе се реши со арбитража. Крајниот рок за пресуда кој првично бил предвиден за 20 јуни 2005 година е деветпати пролонгиран до 31 октомври 2007 година.
Сведоци кои се јавуваат од страна на Република Македонија се професорот Гале Галев, Борис Риколовски, Никола Черепналковски, Радомир Цветковиќ, Бранко Шишковски, Стојко Мојанчевски, Весна Крстиќ.

Што бара ОКТА, односо Хеленик Петролеум од Македнија?

Во овој дел од текстот ќе ви стане јасно зошто претходно детално ги објаснувавме спорните членови од Договорот, на истите тие погоре споменати членови се повикува Хеленик Петролеум во тужбата за арбитража/

Хеленик Петролеум тврди дека Република ги прекршила следните обврски од договорот:

  • прекршување на ексклузивното право, Република Македонија дозволила други компании во повеќе наврати да увезуваат деривати
  • купена помала количина на мазут од количината утврдена со догворот
  • Р.М вовела данок на финансиски трансакции на компанијата
  • прекршени обврски за минимално гарантирано производство (дотур) на нафтоводот од еден милион тони сурова нафта годишно
  • на ОКТА не ѝ биле доделени лиценци за увоз на нафтени деривати со ниска царинска стапка
  • ОКТА се соочила со потешкотии при добивањето дозволи за девизно работење и извоз
  • воведување на воен данок од кој согласно договорот ОКТА требало да биде изземена
    Хеленик петролеум тврди дека:
  • важечко право во арбитражата е шавјцарското право
    Македонија е одговорна за штетите што ги претрпела компанијата и истата има право на надомест за тоа
  • Македонија има обврзувачки должности согласно Договоорт
  • Како последица на прекршувањето на ексклузивното право ОКТА претрпела штета од 7.600.000 американски долари до 31.12.2003 година.
  • Како последица на прекршувањето на правото на повластени царински давачки ОКЅТА претрпела штета од 6.800.000 УСД до 31,12,2003 година
  • Како последица на неоткупување на договорената количина на мазут ОКТА претрпела штета од 22.765.401 американски долари до 31.12.2003 година
  • како последина на неприлагодени мерки за утврдување на цената на дериватите ОКТА претрпела штета од 5.468.495 американски долари заклучно со февруари 2004 година
  • штета од неисплатени долгови на Макеоднија кон Jetoil и Moil Coal од 5.700.059 американски долари
  • поради воведување на данок на финансиски трансакции ОКТА претрпела штета од 3.139.354 америкнаски долари

Хеленик Петролеум бара од РМ:

  • оштета не помала од 34.981.894 американски долари плус соодветно пресметана камата
  • судска одлука со која ќе ѝ се забрани на Македонија да го прекршува договорот во иднина
  • Македонија да ги плати правните трошоци за арбитражата
  • обелоденување на доказен материјал и определени документи од страна на македонските институции
    (дел петти – извршна пресуда) ВКУПНО Македонија треба да плати:
  • 63.853.000 американски долари на ОКТА
  • 55.924.000 америкнански долари на ЕЛПЕТ
  • годишна камата од 5% од 01.03.2004 година.
  • камата од 5% од 19.04.2002 година
  • камата од 5% од 28.11.2003 година плус проста каматна стапка USD LIBOR od 8% од датумот на загубата

Многу ви се чинат првичните суми? Да беше ова реклама ќе речевме ова не е се, ама не е, а и ситуацијата не е ни малку смешна. Ова е само првичната сума која е побарана од Македонија, подоцна низ годините, постојано се одлевале пари од македонскиот буџет, особено од јуни 2016 година кога СДСМ формираше Влада во која Кочо Анеѓушев беше назначен за вицепремиер, но и за тоа малку подоцна.

Македонија одговара на тужбата на Хеленик Петролеум

Во одговорот Македонија го тврди следново:

-Р.М одрекува постоење на правна и фактичка основа за поднесување на тужбата од страна на Хеленик Петролеум и поднесува противтужба
РМ наведува дека:

  • клаузулата за ексклузивитет не е во согласност со ченот 20(2) од Договорот на Република Македонија за соработка со Европската заедница и членот 55 од Уставот на Р.М кој предвидува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и антимонополско работење
  • ОКТА не е способна да ги задоволи енергетските потреби на државата, производството на ОКТА секогаш било под нивото предвидено со договорот
  • членот 10 од договорот е некомпатибилен со членот 33 од Времената спогодба на Република Македонија со Европската заедница и оттука е неважечки
  • воениот данок е задолжителен, недискриминаторен и не е насочен единствено кон ОКТА туку кон сите субјекти на пазарот поради конфликтот на територијата на Македонија во 2001 година
  • Хеленик петролеум ги прекршил обврските за сопственоста на нафтоводот
  • членот кој предвидува повластени царински давачки за ОКТА не е во согласност со ченот 20(2) од Договорот на Република Македонија за соработка со Европската заедница и членот 55 од Уставот на Р.М кој предвидува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и антимонополско работење
  • Р.М наведува дека преземање на долговите од страна на државата е неосновано

Дополнително, Македонија во поднесокот за рочиштето наведува:

  • Владата докажала дека неисполнување на договорот нема и дека доколку би имало не е нејзина вина, оттука нема основ за надомест на штетата која ја бара хеленик петролеум
  • Во периодот од 2000 до 2002 година ОКТА увезла преку 20% од обемот на производство што претставува прекршување на договорот
  • Република Македонија никогаш не се обврзала да создаде пазар кој ќе потроши 500.000 тони мазут годишно, Владата е обврзана да го купи само делот кој ОКТА нема да успее да го продаде на други субјекти
  • се отфрла постоењето на основа за исплата на ликвидна оштета
  • Р.М ги прифаќа паричните обрвски во однос на ОКТА по јануари 2002 година во износ од 634.044 американски долари плус камата од 5% до 15.04.2006 година
  • се отфрла долгот кон двете претходно наведени компании Jetoil и Moil Coal
  • Р.М ги одбива сите трошоци по однос на членот девет од догворот и бара спротивната страна да ги сноси трошоците за арбитражата, како и да се дозволат други ослободувања кои судот ги смета за соодветни

ПРОТИВТУЖБИ НА МАКЕДОНИЈА

Македонија поднесува и противтужби на тужбите на ОКТА, каде се наведува дека ОКТА не ги спроведува следните обврски од Договорот:

  • Македонија има право на 20% од сопственичкиот удел во сопственоста на нафтоводот (подоцна ЕЛПЕТ го прифаќа ова и тоа е единствениот дел од арбитражата кој го добиваме)
  • ЕЛПЕТ треба да го имплементира проектот за унапредување на рафинеријата кој до тој момент не е спроведен и Р.М бара да се донесе одлука која ќе ѝ нареди на ОКТА да го имплементира проектот за малопродажни бензински пумпи

Толкување на Меѓународниот арбитражен суд

Арбитражниот суд ја прифаќа забелешката на Република Македонија дека обврските кои се спротивни на македонскиот Устав и македонските закони не важат освен ако не е изречно нагласено дека ќе важат во Договорот, а претходно, во членовите објаснети погоре видовме дека истото е нагласено во гаранциите кои ги даваат двете страни.

Ова се однесува на ексклузивните права, диференцијалната царина, минималната потрошувачка на мазут, минималниот дотур на нафтоводот и преземањето на долговите од двете странски компании
Меѓународнот арбитражен суд смета дека двете страни не се темелно убедливи во нивните ставови и барања.
И покрај тоа што трубуналот се согласува дека дел од одредбите во Договорот не се во сограсност со македонското законодавство, сепак се зема предвид дека Македонија во договорот изречно потврдила и гарантирала дека Договорот е во согласност со сите домашни закони и меѓународни договори кои ги има потпишано државата, а Хеленик Петролеум имал право да верува дека е тоа така. Оттука Македонија не се ослободува од исплата на штетите на инвеститорот.
Во врска со тврдењето за неможност на ОКТА да произведе доволни количини на мазут за да го исполни договорот, трибуналот смета дека доколку ОКТА ја произведувала потребната количина, знаејќи дека Македонија не може да ја откупи, би имала годишни загуби од 11 милиони долари, со што е оправдано непроизведувањето на целата количина на мазут.
Македонија вкупно треба да плати 43.289.822 американски долари и 1.694.157 евра и дополнително сума која ќе му се исплати на трибуналот од 780.000 американски долари

НОН ПЕЈПР

Во нон пејпер појасно се објаснува какво влијание имала одлуката на Уставниот суд на Република Македонија кој го поништил законот за ратификација на билатералниот договор.

Одлуката на Уставниот суд на Р.М не го поништува договорот на меѓународно ниво, односно има влијание само во домашното законодавство, а договорот е меѓународноправно обврзувачки за Македонија, односно треба да се исполнат сите предвидени обврски.
Се наведува дека договорот не може да се поништи само поради правната неможност на државата да го извршува догоцорот (согласно швајцарското право кое е избрано за меродавно уште во самиот Договор).
Дополнително, постои табела со пресметана потреба од нафтени деривати на Македонија во 1998 година, изработена пред склучување на Договорот, каде количините се драстично помали од предвидениот договор, што значи дека Владата знаела дека Македонија никогаш нема да има потреба од толкава количина на мазут пред да го потпишат договорот.


ПОРАМНУВАЊЕ


На 31 декември 2007 година Владата на Р.М согласно пресудата од Меѓународниот арбитражен суд на седница на Владата го одобрува порамнувањето на Македонија со ОКТА и да се исплатат 40 мииони долари.

Што се криеше досега од јавноста?

Ниту еден спор што Македонија го изгубила пред арбитражниот суд во Париз не е објавен и достапен за јавноста, ниту се знаеше зошто државата со години исплаќала милионски суми оштета на сметката на грчката компанија. Договорот, како што спомнавме и претходно исто така се крие од јавноста, поточно се криеше се до објавувањето на овој текст.

Во 2003 година Антикорупциската комисија се посомневала дека во продажбата на ОКТА постои корупција, ДКСК поднесува претставка но Јавното обвинителство никогаш, во тек на следните дваесет години не го отворило предметот…

Операција “ОКТА”

Поранешниот премиер Никола Груевски и неговата Влада започнуваат една операција за спас на Македонија од магичниот круг на некупување доволна количина на мазут, неисполнување на останати обврски и плаќање милионски пенали за истото.

Имено, Владата решава да ја откупи целата количина на мазут предвидена со договорот, не за една, туку за неколку години однапред. Потоа Владата би ја продала оваа количина на мазут на приватните компании заинтересирани за ова, по соодветна цена со што Македонија би имала и ќар од целата ситуација.

Но тоа не е првичната цел, целта на Владата и оваа операција е да докаже дека ОКТА никогаш немала капацитет да произведе 500.000 тони мазут годишно, колку што предвидува самиот Договор, со што ОКТА би го прекршила Договорот, а Македонија би започнала нова арбитрана постапка за раскинување на договорот и надомест на штетата поради неисполнување на истиот.

За ова беа ангажирани професори, адвокати и истакнати правници кои подготвуваа закон за враќање на ОКТА во државна сопственост, а истовремено беше преговарано и со Бритиш Петролеум кои начелно ја прифатија обврската да го откупат мазутот кој Хеленик Петролеум би требало да го испорача на Македонија за неколку години однапред, или поточно да го откупи мазутот кој Македонија треба да го добие од Хеленик за пет години однапред, во корист на Македонија.

Добар план ама…

Сега се поставува прашањето каква врска има Анѓушев?

Спорот меѓу Македонија и Хеленик петролеум завршува на арбитража во Париз и тоа не е ништо ново, ниту е прва арбитража на државава… А веројатно не била ни прва арбитража преку која се крадел народот… Но во овој случај се јавува друг проблем. Со доаѓањето на СДСМ на власт во 2016 година, Кочо Анѓушев е назначен за вицепремиер во Владата на Република Македонија.

Истиот Кочо Анѓушев си прави шема со која Македонија константно губи и исплаќа оштети и пенали, но се полнат џебовите на Анѓушев и неговите “другарчиња”, Анѓушев воедно е главниот виновник за прекин на претходно споменатата операција “ОКТА”.

Единствено надлежен за застапување на Македонија пред меѓународни судови, согласно Законот за државно правобранителство е државниот правобранител на Република Македонија.

Да, Законот е јасен и во следниот член 6 каде се определува дека доколку државниот правобранител не може непосредно да застапува, Владата на Република Македонија, по предлог на државниот правобранител, ќе овласти друго лице кое според прописите на државата во опеделен предмет може да го замени во застапувањето.

И Анѓушев разбрал дека Владата може да назначи друго лице кое ќе ја застапува државата наместо народниот правобранител, па тоа го искористил за да ангажира тим, секако без препорака од државниот правобранител и заедно со неговите другарчиња и негови советници здружено ја краделе државата, а еве и како.

Владата за арбитражата во Хеленик петролеум го ангажира адвокатскиот тим “Дехерт” (името на тимот го откри Виктор Андонов, советник во Владата за енергетика на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање). Арно ама, тимот не е ангажиран со препорака на државниот правобранител туку по желба на Владата, да бидеме попрецизни, по насока на Кочо Анѓушев. Арбитражата Македонија веројатно не ја губи затоа што не е во право, туку затоа што противничкиот адвокатски тим посочува дека тимот за застапување на Македонија не е соодветно назначен, што во пракса е исто како Македонија да не се појавила на арбитражата, со што согласно меѓународното право, ја губи истата.

Или да бидеме уште поедноставни во објаснувањето, Македонија на арбитража се појавува со незаконски застапник. Ова, веројатно во претходен договор со бранителите на Хеленик Петролеум, кои пак потоа го користат само овој аргумент – дека претставниците на Македонија се незаконски, со што Македонија го губи спорот во корист на Хеленик Петролеум.

Државниот правобранител соодветно им укажува на Владата, тогашниот премиер Заев и тогашниот вице-премиер Анѓушев дека Македонија многу веројатно ќе ја изгуби арбитражата поради несоодветно ангажираниот тим за застапување на државата.

Правобранителот побарал и од Собранието толкување на членовите 5 и 6 од Законот за државно правобранителство, од каде му одговориле дека Законот е јасен и дека Владата може да ангажира застапник, но сите го прескокнуваат моментот дека застапникот може да се назначи само по препорака на државниот правобранител

Како одела шемата за полнење џебови со другарчињата на Анѓушев?

Анѓушев ова не го правел сам. Советници во кабинетот на Анѓушев во периодот кога се ангажира на несоодветен начин странски адвокатки тим, се поранешната министерка за правда, а сега адвокатка Мери Младеновска и професорот по меѓународно право Тони Дескоски.

Патем, Дескоски е сопруг на тогашната министерка за правда, Рендата Дескоска. Инаку Дескоски е и стручен соработник на Мери Младеновска во нејзината адвокатска канцеларија.

Мери Младеновска е адвокат на фирмите на Анѓушев, истовремено во тој период советник на Анѓушев во Владата на Република Македонија, а дополнително и консултант во странската компанија чиј адвокатски тим ја застапува Македонија на арбитражата пред судот во Париз.

“Арбитражната мрежа” е добро разработена бидејќи Мери Младеновска и Тони Дескоски биле правни застапници на Македонија и во други арбитражи.



За оваа „услуга“, Владата со потпис на Анѓушев префрлила 6 милиони евра на странскиот адвокатски тим, кој пак потоа ги ангажирал Младеновска и Десковски како советници на кои им платил неколку милиони евра за нивниот „ангажман“. Е сега, каде се милионите останува на ОЈОГОКК да истражи.

Но тоа не е се, во 2016.година Владата во која Кочо Анѓушев е вицепремиер самата си ја зголемува цената на пеналите по тон мазут која државата ја плаќа на Хеленик Петролеум од 3 евра за тон, на 9 евра за тон. Или, за три пати доброволно ја зголемува цената на пеналите за мазутот кој не го набавуваме, а кој ниту имаме потреба да го набавиме, ниту пак Хеленик Петролеум/ОКТА може да го произведе.

Е сега, на 500.000 тони мазут по 9 евра пенали за тон, пресметкате е дека од Македонија на сметката на Хеленик Петролеум годишно се одлеваат 45.000.000 евра.

Колку штета е направено по буџетот на државата за 20 години – пресметајте сами.

Има дополнителна штета за државата

Нафтоводот Солун-Скопје би можел да се претвори во продуктовод, наместо досегашниот транспорт единствено на нафта, продуктоводот би можел да се користи и за транспорт на други енергенси.

Тоа е корисно единствено за Хеленик Петролеум. Фирмата ќе може да оствари дополнителен профит од повеќето енергенси кои би се транспортирале преку продуктоводот, а од тоа Македонија нема да има корист. Ваква трансформација на нафтоводот во продуктовод може значително да ја наруши конкуренцијата во Македонија, Хеленик Петролеум практично би имал монопол над увозот на енергенси бидејќи ниедна друга компанија нема да може да увезе поефтини енергенси поради потребата од друг транспорт, односно транспорт со цистерни.

Ова значи дека само ОКТА и Макпетрол ќе имаат ексклузивно право да користат гориво по цени кои се намалени за поефтин транспорт, а сите останати ќе станат неконкурентни бидејќи транспортот ќе мора да го плаќаат неколкукратно посакпо.

Дополнително корист од ваквата трансформација ќе има компанијата “Пуцко Петрол”, односно нејзиниот сопственик Исмаил Јахоски бидејќи поседува акции во ОКТА. Јахоски инаку е актуелен пратеник на ДУИ во Собранието на Република Македонија.

Ќарат поединци на грбот на народот, добро оформената “арбитражна шема” предизвикувала Македонија да губи арбитражи и да исплаќа штети поради лични добивки на поединци.

Господинот Кочо Анѓушев не одговори на прашањето на Инфомакс зошто од погоре споменатата постапка е изземен државниот правобранител како единствен законски застапник на државата пред меѓународна арбитража и дали тоа е причината поради која Македонија го губи спорот.

Исто така ја побаравме пресудата од арбитражниот суд во Париз која многу добро и мудро се крие од очите на јавноста, никогаш не е објавена јавно од ниту една институција, ниту од Владата.

20 милиони ваму, 20 милиони таму, државата за некого мајка, за некого маќеа, ама и вака и така ограбена.

Е да и баба знае да вози Масерати ако “части” државата.


Поврзаност

Токму „Хеленик Петролеум“ чиј сопственик пак е семејството на Спирос Лацис најчесто се повррзува со грчката држава и грчките тајни служби.

Сопственик на „Хеленик Петролеум“ е „Лацис Груп“ семејната компанија на Спирос Лацис. Освен „Лацис Груп“ како сопственик се појавува и грчката држава преку „Хеленик Републик Асет Менаџмент“ но и американската „Вангард Груп“ или позната како сопственик на комапнијата „Блек Рок“ која важи за компанија која менаџира со државните пари на САД и распределба на блок дотациите кога станува збор за владина интервенција во Американскиот монетарен пазар.



Во кратки зборови, „Вангард Груп“ е компанија со која се финансираат активностите на тајните служби низ светот.

Компанијата пак која ја купи „ЕДС“ на Кочо Анѓушев за 4.8 милиони евра пак е државната компанија за дистрибуција и производство на електрична енергија на Грција „Паблик Пауер Корпорејшн“. Акционери во оваа компанија се Владата на Грција, Хеленик Републик Асет Менаџмент, Вангард Груп и нивната ќерка фирма БлекРок асет менаџмент од САД.




Во сите овие компании акционер е и АЛФА АСЕТ МЕНАЏМЕНТ кој пак е во сопственост на Грчката национална Банка која пак е сопственик на Стопанска Банка АД Скопје. Во ХЕЛЕНИК НЕШНЛ БАНК пак акционери се кои други ако не, БлекРок и Вангард.



„Лацис Груп“ е сопственик и на своја Банка – Најголемиот холдинг на семејството е неговата европска финансиска групација EFG Bank во Луксембург, приватна банкарска групација. Групацијата поседува над 40% од EFG International котирана во Швајцарија на берзата во Цирих, која е глобална приватна банкарска групација која нуди услуги за приватно банкарство и управување со средства. Групата на приватни банкарски бизниси на EFGI работи на околу 30 локации ширум светот, со 3.151 вработен и управува со 153,8 милијарди CHF средства на клиентите заклучно со декември 2019 година.

EFG Bank European Financial Group SA е банка со седиште во Женева, Швајцарија, овластена и надгледувана од швајцарската FINMA (Швајцарската управа за надзор на финансискиот пазар) и специјализирана за класични приватни банкарски услуги. Поседува околу. 44% од EFG International, глобална групација за приватно банкарство со седиште во Цирих, Швајцарија и котирана на SIX Swiss Exchange (EFGN), специјализирана за приватно банкарство и управување со средства.

Групацијата Лацис исто така ја контролира Ламда Девелопмент, групација за недвижнини со седиште во Атина. Проектите на Lamda Development вклучуваат Трговски центар Атина, кој беше отворен во 2005 година, и трговскиот центар Golden Hall, исто така во Атина. Лацис, исто така, ја започна PrivateAir, со преку 50 авиони во сопственост на компанијата, кои опслужуваат богати европски и американски патници, која подоцна за време на должничката криза во Грција е продадена.

Спирос Лацис пак се најде на 729 место во светот според на листата на Форбс за најбогати луѓе во 2018 година (2,8 милијарди американски долари).


Во превод, парите кои се вадат од Македонија преку ОКТА за да се финансираат Хеленик Петролеум, Паблик Пауер Корпорејшн потоа преку грчката влада, грчката агенција за приватизација и двете американски компании Вангард Груп и БлекРок асет менаџмент си го купија и Преспанскиот договор но и мирот во ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот претставник во оваа партија – Марјан Ѓорчев, инаку специјален советник на Христијан Мицкоски.

Е сега на ова би требало да ја коментираме и поврзаноста со паралелниот систем кој во Македонија го поставиле грчките служби во ВИП/ОНЕ со кој од 2009 година биле прислушкувани македонските политичари, бизнисмени, општественици и граѓани.

Тогаш, системот го поставил Космас Адам, технички директор во ВИП/ОНЕ, кој, барем според сведочењата на сведоците на обвинителството во предметот „Таргет/Тврдина“ ги давал наредбите за тоа чии телефонски броеви треба да бидат таргет и да бидат прислушкувани.

За овој дел од текстот, во следното продолжение….
До тогаш, бараме одговори од ДКСК, ОЈОГОКК, ЈО и ОЈО Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Апелација го ослободи Марјан „Доказ“ за обвинението…

Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…