(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК Битола и дали ќе одговараат директорите на РЕК Битола и ЕСМ?
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење на РЕК Битола на фирма која не исполнува услови, а сакаат вработените да им чистат…
Инфомакс утрово објави дека се случила хаварија во РЕК Битола, односно дека избил пожар, а официјална потврда стигна и од РЕК Битола од каде рекоа дека се работи за саботажа.
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем по вклучување на заштитниот механизам на блокот кој, како што наведуваат од ЕСМ, се активирал како последица на зголемена температура, односно опожарени дрвени елементи во близина на орманот за електронско управување.
Службите на РЕК „Битола“ реагирале веднаш согласно оперативните протоколи со оглед на тоа што, како што нагласуваат од Електрани на Северна Македонија, станува збор за потенцијална саботажа.
За случајот е известена и криминалистичката полиција која изврши увид.
„По полицискиот увид, стручни екипи од РЕК ‘Битола’ веднаш ќе започнат со детална анализа за согледување на евентуалната настаната штета и утврдување на точната причина за зголемувањето на температурата“, соопштија од АД ЕСМ.
По хаваријата состојбата во РЕК Битола не е најсјајна, односно сите блокови треба да бидат исчистени, за што тендер има добиено компанија со НУЛА вработени. Да, добро прочитавте, компанијата има нула вработени.
ЕСМ на 30.05.2025 година распишува оглас со број 08050/2025 за Технолошко чистење за РЕК Битола.
Огласот има три дела и тоа Технолошко чистење за Градежна служба во ПЕ Термоелектрани, Технолошко чистење за Отпепелување во ПЕ Термоелектрани и Технолошко чистење за ПЕ Рудници. Проценета вредност на првиот дел е 40 милиони денари, на вториот дел е 30 милиони денари, а на третиот дел е 80 милиони денари. Вкупно 150 милиони денари за технолошко чистење на РЕК Битола.

Во огласот се предвидуваат посебни услови и тоа:
Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
За ДЕЛ 1: Кадровска екипираност:
– Да има вработено или ангажирано мин. 70 работници со мин. основно образование,
– Да има вработено или ангажирано мин.4 водачи на смена и 1 работоводител со мин.средно образование. Да биде во можност да обезбеди 24 часовна готовност со кадар за извршување на интревентно побарана услуга.
За ДЕЛ2:
Кадровска екипираност:
– Да има вработено или ангажирано мин. 60 работници со мин. основно образование,
– Да има вработено или ангажирано мин.4 водачи на смена и 1 работоводител со мин.средно образование. Да биде во можност да обезбеди 24 часовна готовност со кадар за извршување на интревентно побарана услуга.
За ДЕЛ3: Кадровска екипираност
– Да има вработено или ангажирано мин. 180 работници со мин. основно образование
-Да има вработено или ангажирано мин.8 водачи на смена и 1 работоводител со мин.средно образование. Да биде во можност да обезбеди 24 часовна готовност со кадар за извршување на интревентно побарана услуга.
ДЕЛ 1 Техничка опременост:
– мин. 6 индустриски правосмукалки со капацитет
– мин.50 литри и продолжни кабли со минимална должина 20 м
– мин. 200 лопати, 60 казми, 10 мотики и 150 метли за чистење , 20 чаклиња
– мин. 12 градежни колички
– 1 монофазна пумпа за нечиста вода и продолжен кабел со минимална должина 20 м
ДЕЛ 2 Техничка опременост:
– мин 1 косачка за трева
– мин 1 тример за косење
– мин. 200 лопати, 60 казми, 10 мотики и 150 метли за чистење
– мин. 50m³ скеле
– мин. 12 градежни колички
ДЕЛ 3 Техничка опременост:
– мин 1 моторна пила
– мин 1 косачка за трева
– мин 1 тример за косење
– мин 200 лопати, 60 казми, 10 мотики ,150 метли за чистење и 10 грибла
– мин 12 градежни колички
Ова значи дека компанијата која воопшто ќе се пријавик да учествува на огласот треба да има минимум 310 вработени, плус сменоводители и соодветната техничка опременост.
И иако од ЕСМ се потрудиле да ја сокријат компанијата со која е потпишана рамковната спогодба, сепак во Македонија ништо не останува тајна.
Господата од ЕСМ анонимизирале кој ја добил рамковната спогодба во вредност од 150 МИЛИОНИ денари.

Исто така ја сокриле и вредноста на рамковната спогодба, но заборавиле комплетно од секаде да ги сокријат и избришат и податоците од тендерската документација.

Рамковната спогодба неофицијално е потпишана со компанијата ТЕХНО КОП ПЛУС ДООЕЛ БИТОЛА, основана на 17.3.2025. Самата компанија нема вработени, дури ни управителот не е вработен во компанијата.


Според податоците од Централниот регистар, се работи за микро компанија, што значи дека доколку воопшто има вработени, има до 10 вработени, а условот за воопшто да учествува на огласот е 330 вработени или ангажирани лица.
Дополнително, неофицијално управителот на компанијата по професија е молер и претходно во Германија бил осуден за кривично дело поврзано со наркотици.
И наместо по денешната хаварија ЕСМ, односно РЕК Битола да ја ангажираат оваа компанија, директорите на состанок се договарале самите вработени во РЕК Битола да ги чистат блоковите за да може да профункционираат и да почнат со работа. Според нашите информации на вработените во РЕК Битола им било кажано утре да дојдат со стари алишта и да се зафатат со чистење.
Инаку, по промената на власта за нов директор на РЕК Битола беше назначен Тони Петрушевски, за кој „чаршиските муабети“ велат дека се добри пријатели со премиерот Мицкоски.
„За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, со претходно работно искуство во приватниот сектор. Досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола. АД ЕСМ се заблагодарува за неговиот ангажман и посветеност во изминатиот период“ соопштија тогаш од АД ЕСМ.
И додека директорите се договараат да ги ангажираат вработените да чистат, нешто што не им е во опис и попис на работни задачи, ниту се платени за да го работат тоа, оние кои се платени ги нема никаде. Дали можеби компанијата која е ангажирана за технолошко чистење воопшто не е во можност да ги исполни условите од рамковната спогодба?
Поставивме и неколку прашања до РЕК Битола на нивниот официјален мејл, но одговор до овој момент не добивме. Прашавме:
1. Дали АД ЕСМ има склучено рамковна спогодба за технолошко чистење со компанијата ТЕХНО КОП ПЛУС ДООЕЛ БИТОЛА?
2. Дали на состанок на директорите е разговарано за ангажирање на вработените во РЕК Битола за чистење по денешната хаварија?
3. Зошто наместо да се ангажира компанијата со која е склучена рамковна спогодба се ангажираат вработените?
4. Дали и колку блокови од РЕК Битола се во функција моментално?
Доколку добиеме одговор на овие прашања истите ќе бидат соодветно објавени.
Дополнително, во рамковната спогодба постои и клаузула за банкарска гаранција од 5% доколку компанијата не е во можност да ги исполни договорените обврски.

И овде се поставува уште едно прашање, дали АД ЕСМ и РЕК Битола ќе ја ангажираат банкарската гаранција доколку компанијата не е во можност да ги заврши обврските кои ги преземала?
Додека чекаме РЕК Битола да се исчисти, производство на струја нема, таа струја која ни е потребна веројатно ќе ја купуваме, што секако е уште една добра зделка за некои луѓе кои се занимаваат со трговија на струја.
Ако нема струја запалете си свеќа и нека ви текне дека чекате РЕК Битола да го исчисти компанија со нула вработени, за 150 МИЛИОНИ денари.
А. Митовски
А. Петровска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…