(Документи) О2 иницијатива ги објави извештаите за Крива Река во целост: Водата е петта класа, многу загадена и НЕ СМЕЕ да се употребува за НИШТО!
Што знаеме од анализите на земени примероци од водите на Тораничка и Крива Река поврзани со излевањето од рудникот Тораница?
🟥 Според едниот примерок земен од риболовниот клуб Мрена од Крива Река кај село Жидилово-рибник Дабо на дента на инцидентот, 14.3.2025, со анализа завршена на 18.3.2025,
– концентрацијата на суспендирани материи била за ⬆️263 пати повисока од максимално дозволеното,
– матноста за ⬆️ 17 пати повисока од максимално дозволената,
што ја става водата во петта класа, според старата класификација на води, што значи дека водата е многу загадена и НЕ МОЖЕ може да се употребува за НИЕДНА намена, а концентрацијата на штетни супстанции ги надминува акутните нивоа на токсичност за водениот живот.
🟥 Според другиот примерок земен од риболовниот клуб Мрена од Крива Река кај село Узем – бетонски мост на околу 500 метри испод јаловиштетот од рудникот Тораница на дента на инцидентот, 14.3.2025, со анализа завршена на 1.4.2025,
– Кадмиумот е за ⬆️22 пати повеќе од максимално дозволеното,
– Манган има ⬆️3,8 пати повеќе од максимално дозволеното,
– Оловото е за ⬆️3,7 пати над максимално дозволеното,
– Цинкот е малку над максимално дозволената концентрација,
што ја става и оваа вода во петта класа, поради високите концентрации на олово.
🟥 Според примерок земен дента на инцидентот од концесионерот на рудникот Тораница, Булмак 2016, од Тораничка река – влез во тунел, анализиран 12 дена подоцна, на 26.3.2025,
– Кадмиумот е за ⬆️77 пати повеќе од максимално дозволеното,
– Манганот е за ⬆️10,8 пати над максимално дозволеното,
– Оловото е за ⬆️5,3 пати над максимално дозволеното,
– Цинкот е за ⬆️5,1 пати над максимално дозволеното,
– концентрацијата на цијанидите и сулфидите не се знае дали е над максимално дозволеното од анализата. Дополнително цијанидите во најголем дел после 12 дена се деградирани и не може да се утврди колкава била концентрацијата во водата дента.
Водата е петта класа, многу загадена и НЕ СМЕЕ да се употребува за НИШТО.
🟧 Според примерок земен после 12 дена од дента на инцидентот, на 26.03.2025, од Булмак 2016, од Крива Река – мост Узем, анализиран истиот ден,
– Кадмиумот е за ⬆️3,2 пати повеќе од максимално дозволеното,
– концентрацијата на цијанидите и сулфидите не се знае дали е над максимално дозволеното од анализата.
Водата е трета-четврта класа поради концентрациите на кадмиум, чии нивоа се хронично токсични за водениот живот.
🟥 Според примерок земен дента по иницидентот, 15.03.2025, од општина Крива Паланка, од Крива Река – кај мостот во висина на просториите на општината, анализиран 17-18.03.2025,
– Вкупните цијаниди се за ⬆️14 пати над максимално дозволеното,
– Оловото е за ⬆️10,2 пати над максимално дозволеното,
– концентрацијата на кадмиум не се знае дали е над максимално дозволеното од анализата,
– вкупниот фосфор е за ⬆️25,2-14,4 пати над максимално дозволеното,
– амониумот е за ⬆️19,2 пати над максимално дозволеното,
– нитритите се за ⬆️4,8 пати над максимално дозволеното,
– вкупниот азот е за ⬆️3,5-2,2 пати над максимално дозволеното,
– ХПК е за ⬆️4,7-2,4 пати над максимално дозволеното.
Водата е петта класа, според концентрациите на олово, многу загадена и НЕ СМЕЕ да се употребува за НИШТО.
❌ Државниот инспекторат за животна средина НЕ ЗЕМАЛ примероци од повеќе места на Тораничка и Крива Река дента на инцидентот.
⛔️ Заклучок: Водата во Тораничка и Крива Река на дента на инцидентот, 14.03.2025 и дента потоа во Крива Река, 15.03.2025 била од петта категорија, со високи концентрации на олово пред сѐ, НЕ СМЕЕЛА да се употребува за НИЕДНА намена, а концентрацијата на штетни супстанции ги надминувала акутните нивоа на токсичност за водениот живот.
📨 Доставивме барање до министерот за животна средина да се изврши независно супервештачење на теренот, со цел утврдување на степенот на загаденост и изворот на загадување на околината, реките, околната почва и влијанието врз живиот свет.
О2 иницијатива
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…