(Документи) Центарот за македонски јазик во Грција открива: Грција го признала македонскиот јазик уште во 1920 година!

t

После долго време Македонците, особено Македонците од Егејска Македонија можат да се израдуваат на нешто со што повторно, после толку прогони и обезличувања ќе почне да се негува македонскиот јазик и македонската традиција.

Центарот за македонски јазик во Грција, кој веќе и официјално е регистриран како невладина организација во Грција, на веб-страницата на истиот имаат податоци за македонскиот јазик во Егејска Македонија, каде и од кога се говори и слично.

Меѓу низата податоци од Центарот за македонски јазик во Грција нагласуваат дега всушност Грција во 1920 година го признала македонскиот јазик како посебен од грчкиот, бугарскиот, српскиот, албанскиот и јазиците на останатите луѓе кои живееле во тој период на територијата на Грција.

Во продолжение податоците од нивната веб-страница:

Во Грција денес, во основа, македонскиот јазик во приватната и јавната сефа го зборуваат најчесто постарите лица, но сепак и помладите генерации во одредена мера го разбираат истиот, додека некои од нив пасивно се служат со одредени изрази и фрази од локалните македонски дијалекти. При тоа, треба да нагласиме дека употребата на македонскиот јазик во Грција е најзастапена во локалниот фолклор и народните песни, ора и танци што се изведуваат на традиционалните културни настани во населените места од наведените окрузи, каде што едновремено со роднокрајските песни испеани на локалните македонски дијалекти, се почесто се изведуваат и народните песни на литературен македонски јазик.

Точниот број на македонски говорители во Грција не е познат, бидејќи податоците за јазичната различност не се собрани во официјалниот попис. Меѓутоа, македонскиот јазик се зборува (во различен степен) во многу градови и во околу 500 села на следните места:

Регион Западна Македонија, Грција:

– Регионална единица Флорина/Лерин (околу 80 села)

– Регионална единица Касторија/Костур (околу 75 села)

– Регионална единица Козани/Кожани (околу 20 села)

Регион Централна Македонија, Грција:

– Регионална единица Пела/Постол (околу 85 села)

– Регионална единица Иматија (Верија/Бер) (околу 40 села)

– Регионална единица Килкис/Кукуш (околу 30 села)

– Регионална единица Серес/Сер (околу 90 села)

– Регионална единица Тесалоники/Солун (околу 50 села)

Регион Источна Македонија и Тракија, Грција:

– Регионална единица Кавала/Кавалско (околу 2 села)

– Регионална единица Драма/Драмско (околу 20 села)

Примери во минатото за признавање на македонскиот јазик во Грција од страна на грчката држава

Иако денес постоењето на македонскиот јазик и на македонските дијалекти во Грција не се признава од страна на грчката влада, ќе напоменеме одредени моменти од историјата кога македонскиот јазик всушност бил експлицитно признаен во земјата.

На пример, пописот од 1920 година – кој претставува прв попис по вклучувањето на „Новите територии“, односно на денешна Северна Грција во рамките на грчката држава – експлицитно го забележува, а со тоа и го признава МАКЕДОНСКИОТ јазик. Подолу е поместен извадок од страниците 181-182 од пописните податоци од 1920 година за областа Трикала (географски лоциарана во регионот Тесалија и Арта, поточно јужно од “Новите територии”). При тоа, како што се забележува, графата која се однесува за мајчиниот јазик на населението во оваа област јазик ги содржи следните јазици: грчки, шпански, албански, бугарски, куцовлашки, македонски и српски јазик. Поточно, иако податоците се однесуваат за област и регион кој што географски не спаѓа во автохтоното подрачје на историскиот дијалектолошки систем на македонскиот јазик, сепак пред повеќе од еден век, вкупно 37 лица го определиле својот мајчин јазик како македонски јазик, различен од сите останати јазици кои едновремено се говореле на поширокиот балкански простор.

Благодарение на дигитализацијата на архивите, целиот том со пописните податоци од Пописот во 1920 година може да се преземе од официјалната веб -страница на Грчката статистичка служба: 

http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00011.pdf 

Друг пример за признавање на македонскиот јазик од страна на грчката држава се случил во 1925 година. Имено, грчкото Министерство за образование во тоа време изготвило буквар за македоноговорното население – наречен Абецедар, кој бил целосно заснован на македонскиот дијалект од областа Флорина/Лерин. Букварот бил доставен до тогашната Лига на народи, како своевиден доказ за исполнение на меѓународно правните обврски на Грција кон малцинствата на нејзината територија. Сепак, Абецедарот никогаш не бил воведен во образовниот процес за потребите на македонското малцинство. Грчките власти, користејќи како повод симулиран притисок и отпор на локалното население кон најавата за негова официјална употреба во јавните училишта, букварот го конфискувале и уништиле.

Почетниот курс по македонски јазик што го нуди Центарот за македонски јазик во Грција има за цел да го заштити и промовира македонскиот јазик, низ процес на постојат раст на бројот на активни и пасивни македонски говорители во Грција, а со цел македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности да продолжат да опстојуваат и да се унапредуваат. – наведуваат од Центарот за македонски јазик во Грција.

ЛИНК од нивната веб-страница!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во центарот на Куманово

Престрелка попладнево се случила во центарот на…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

(Видео) Македонска народна музика ечи низ улиците…

Низ улиците на Солун ечи народна македонска…

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

АЈ НА ЗДРАВЈЕ ГРЧКО ВЕТО ЗА АЛБАНИЈА

Грчко вето за пристапните преговори на Албанија. …