(Документ) Пратениците на Мицкоски гласале за зголемување на платите за 78%, сега се прават дека „не се од овде“

t

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласале за покачување на платите за функционерите на Комисија за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, а сега глумат хумани и патриоти?

Уставниот суд ги одмрзна платите на функционерите на 21 март 2023 година, со укинување на два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица.

Со оваа одлука на Уставниот суд платата се зголеми за 78% за сите избрани и именувани функционери, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Комисија гласале ЗА усогласување на платите согласно одлуката на Уставниот суд.

Седницата на комисијата е одржана на 29 март 2023 година, а претставници во Комисијата секако имала и тогашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, поточно членови на комисијата биле Антонијо Милошоски, Александар Николоски, Никола Мицевски, Дафина Стојановска, Игор Јанушев а заменици членови биле Благица Ласовска, Ане Лашкоска Владо Мисајловски и Марија Петрушевска.

Присутни на комисијата биле координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, заменичката координаторка, Дафина Стојановска и уште две пратенички Ласовска и Лашкоска, а одлуката за усогласување била донесена едногласно.

За лицемерието да биде поголемо, во тој период додека пратениците гласале за зголемување на платите на функционерите, тогашната потрпаролка на партијата, а денес портпаролка на Владата Марија Митева држеше прес-конференции како платите на функционерите морале да се намалат, затоа што голем дел од народот живеел во сиромаштија.

Не се граѓани од посебен ред функционерите, рече Митева,а зборот пропадна откако нејзините сопартијци станаа функционери. Дека платата ќе се намали ветуваше и сегашниот премиер Мицкоски, секако додека беше опозиција.

Во гостување во Тема на денот пред изборите Мицкоски вети дека од позиција на власт ќе ги намали платите, за сега да се предомисли и да каже дека одлуките на уставниот суд мора да се почитуваат.

Едно е власт, друго опозиција, сега уставните одлуки мора да се почитуваат. Дополнително, Мицкоски и сопартијците во секоја изјава кажуваат дека СДСМ ги зголемило платите, што де факто не е точно, затоа што како што вели Мицкоски одлуката е на Уставниот суд, а неговите пратеници ја гласале за да помине на комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…

Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…

Унгарскиот кредит и Декларацијата за признавање на…

Собранието денеска ќе одржи три последователни седници.…

(Документ) Пратениците на Мицкоски гласале за зголемување…

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласале за покачување на…

(Видео) Пратеник во српското Собрание го гаѓаше…

Пратеник од српското собрание го гаѓаше министерот…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…