Домашното производство на електрична енергија на историски најмало ниво: За што можеа да се употребат парите што сега се даваат за купување на струја?

t

На денешниот настан по повод отчет на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, одржан во Велес, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објасни за кои други намени можеле да се потрошат парите кои поради недомаќинско работење на Владата сега се трошат за набавка на скапа електрична енергија од европскиот пазар на електрична енергија.

Енргетската криза нѐ чинеше до сега повеќе од 200 милиони евра, висок износ на средства кој можеше да се искористат за справување со инфлацијата, за соодветен раст на пензииите и платите, од што корист ќе имаа сите граѓани.

Наместо тоа плаќаме скап увоз на струја, којшто дополнително ја разгорува инфлацијата а плаќаме скап увоз на струја затоа што не произведуваме. Затоа што наместо да произведуваат во Битола и во Осломеј и во сите оние хидроцентрали тие увезуваат, а увезуваат за да делат пари, за да делат од рекетот кој го спроведуваат на грбот на народот и потоа ќе ви речат дека политиката е стабилна и владата водела сметка.

Ниту владата води сметка, ниту политичката состојба е стабилна. Само што не се урнала како кула од карти. Затоа денеска народото осиромашува а единствени кои се богатат се оние кои ги газат дебелите црвени килими на Илинденска број 2.

Ќе потсетам дека денеска домашното произвдоство на електрична енергија изнесува  нецели 34% од вкупните домашни потреби, додека историскиот просек е 62%, потенцираше Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…