Доцна синоќа екипи на ЈП Комунална хигиена – Скопје го исчистија плоштадот “Македонија” по успешната хуманитарна акција за помош на Турција и Сирија
Вчера вечер екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје целосно го исчистија плоштадот “Македонија” по успешната акција за собирање на хуманитарни средства за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.
– Доцна вечерва екипи на ЈП Комунална Хигиена – Скопје целосно го исчистија плоштадот “Македонија” по успешната волонтерска акција за собирање на хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Од плоштадот подигнати се неколку тони материјал кој не беше искористен како хуманитарна помош.
Им благодариме и на волонтерите кои активно се вклучија и во акцијата за чистење на плоштадот “Македонија”. – напишаа од претпријатието на Фејсбук.





ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…