Дојава за бомба во трговски центри и на Техничкиот факултет во Белград
Во два трговски центри во Белград денеска имаше дојава за бомба, а дојавата стигна и за Техничкиот факултет, јави дописникот на МИА од Белград.
Дојавата за поставени бомби имаше во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“ во центарот на Белград. Како што е потврдено од Министерството за внатрешни работи (МВР), непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа.
Во моментов во тек е евакуација на посетителите во тие трговски центри, а надлежните екипи на МВР се излезени на терен поради дојава за поставена бомба во ТЦ во Карабурма.
Блиц соопшти дека дојава за поставена бомба е пристигната и за Техничкиот факултет во Белград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дојава за бомба во трговски центри и…
Во два трговски центри во Белград денеска…
ПРИВЕДЕН СКОПЈАНЕЦ: Удрил тинејџер со автомобил откако…
На 30.09.2024 во 20.10 часот во Скопје,…
Инфлацијата во еврозоната ослабела на 1,8 отсто
Инфлацијата во еврозоната ослабела на 1,8 отсто…
Обвинителството предлага условна осуда за обвинет за…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Опасни пиперки од Албанија откриени на словенечката…
Високо ниво на штетни хемикалии е откриено…