Дојавите за бомби во 15 скопски училишта се лажни

t

Лажни биле денешните пријавите за бомби испратени на  електронската адреса на 15 училишта во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта  во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението од МВР.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа биле извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено било дека станува збор за лажни пријави.

Дојави за поставени експлозивни направи изутринава пристигнале на електронските адреси на 15 училишта во Скопје.

– Денеска (14.12.2022) околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информишре МВР утрово.

Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта на почетокот на неделава имаше закани за бомби и во институции и трговски центри. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рачна бомба пронајдена во Охридското Езеро

Во неделата попладне, триесет и осумгодишниот М.Д.…

(Видео) Во сериозна неизвеност се доведени исплатата…

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска…

Силна експлозија на бомба во Атина, била…

Силна експлозија се случи во текот на…

Дојави за бомби во училишта во Белград

Утрово нови анонимни извештаи за поставени бомби…

Експлозија на рачна граната во северниот дел…

Во раните утрински часови во северниот дел…