Дојави за бомби во повеќе белградски училишта

t

Во неколку белградски училишта денеска повторно пристигнале дојави за бомби, некои и пред девет часот наутро, а полицијата испрати екипи на терен.

Училиштата, факултетите, аеродромот, судовите, болниците и некои медиумски куќи беа цел на анонимни извештаи за поставени бомби во последните неколку месеци, а иако сите се покажаа како лажни, веста предизвика непријатност во јавноста, особено по трагедијата во основно училиште и масовното убиство во две села во близина на Белград.

Само во Белград годинава имало повеќе од 2.000 вакви извештаи. Помошник командантот на полициската бригада Радојко Каран за РТС изјави дека полицијата „не работи со претпоставки, туку со факти“, и дека по секоја пријава испраќа екипи на терен. Најчести цели се основните и средните училишта, факултетите, а претходно аеродромот „Никола Тесла“, рече Каран.

Постапката по приемот на пријавата, додава тој, е „строго дефинирана“ со правилата на МВР. Во случај да се најде некој сомнителен предмет, пристигнуваат антидиверзантски екипи со заштитна опрема, специјални уреди и службени кучиња за откривање експлозивни направи кои детално проверуваат сѐ.

Минатата недела полицијата во Нови Пазар приведе двајца малолетници за кои е утврдено дека упатиле закани за бомби во училиштето. Засега ниту училиштата ниту Министерството за образование не соопштуваат колку работни денови и часови се изгубени поради евакуацијата на учениците, прекинот на наставата и принудниот прекин на работата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…