Дојде денот што Србија го чекаше 24 години..
Фудбалската репрезентација на Србија денеска ќе дебитира на европско првенство под тоа име, а како заедница со друга држава за враќа на континенталните шампионати по пауза од 24 години.
Последен пат на овие првенства настапи во 2000 година, но тогаш под името СР Југославија и во заедница со Црна Гора со која го сочинуваше тој политички субјект. Иако стигна до четвртфиналето, СР Југославија доживеа тотален дебакл бидејќи на четири натпревари прими дури 13 гола, а во нокаут фазата, против ко-домаќинот Холандија загуби со 1-6. Во групата играше со Словенија (3-3), Норвешка (1-0) и Шпанија (3-4), а потоа дојде тој фамозен дебакл од „лалињата“ кој се уште им одѕвонува на љубителите на фудбалот кај нашиот северен сосед. Тој меч се одигра на 25 јуни 2000 година.
Србија се отцепи од Црна Гора во 2006 година и оттогаш играше само на светските првенства, во 2010, 2018 и 2022 година, без особен успех и без да ја помине групната фаза.
Како дел од СФР Југославија и СР Југославија настапи на вкупно пет европски шампионати (1960, 1968, 1976, 1984 и 2000 година). Своето деби како самостојна држава ќе го има вечерва од 21 часот против Англија, а во групата ги има уште Словенија и Данска.
извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…
Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…