Дојранско езеро умира, Меџити во кампања, а Мицкоски наместо одговори – со ароганција кон новинарите
ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО УМИРА, МЕЏИТИ ВО КАМПАЊА, А МИЦКОСКИ НАМЕСТО СО ОДГОВОРИ – СО АРОГАНЦИЈА КОН НОВИНАРИТЕ
Дојранското Езеро повторно се наоѓа на работ на еколошки колапс! Водата од езерото е повлечена десетици метри предизвикувајќи еутрофикација на езерото. Како резултат на оваа состојба во водите се појавени токсични алги попознати како цианобактерии. Овие бактерии дополнително го намалуваат присуството на кислород во езерото предизвикувајќи помор на целиот жив свет во езерото. , пишуваат во соопштението објавено на Фејсбук страната на Левица
Наместо одговорност и итни мерки, гледаме политички театри и ароганција. Пред неколку дена, премиерот Мицкоски на прашање од новинарка за состојбата со системот „Ѓавато“ со потценување одговори: „Дали сте виделе вие дека не работи?“. Наспроти оваа демонстрација на презир кон медиумите и граѓаните, фактите на терен се очигледни – пумпите не работат во полн и доволен капацитет, каналот се распаѓа, водата исчезнува, а целиот систем е оставен да пропаѓа.
Додека природата умира, министерот за животна средина Изет Меџити, пред само неколку месеци пред камери глумеше спектакл, се сликаше како симболично ги „пушта“ пумпите на хидросистемот, притоа ветувајќи дека езерото ќе биде спасено. Потоа Меџити целосно заборави за што всушност е надлежен и покажува целосна незаинтересираност за состојбата, како и за сè што се однесува на неговиот ресор. Наместо заштита на природните ресурси, тој е фокусиран на политички маневри, именување училишта по балистички водачи, бранење дивоградби во Чаир и водење кампања за својата кандидатура на престојните локални избори.
Ова претставува не само институционален крах, туку и свесно, системско уништување на еден од највредните природни водни ресурси во државата. Владата која се фали со енергетски профити од обновливи извори, истовремено демонстрира неспособност, незаинтересираност да обезбеди елементарна заштита на водата како основа за живот.
#Левица бара:
– Итно сервисирање и активирање на системот „Ѓавато“;
– Воведување на систем за обогатување на езерото со кислород;
– Изработка на долгорочна, еколошки одржлива стратегија за управување со езерото и неговиот биодиверзитет., гласи соопштението на пратеничката група Левица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дојранско езеро умира, Меџити во кампања, а…
ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО УМИРА, МЕЏИТИ ВО КАМПАЊА, А…
Левица: Сериозни финансиски злоупотреби, доживотни дисквалификации, но…
СЕРИОЗНИ ФИНАНСИСКИ ЗЛОУПОТРЕБИ, ДОЖИВОТНИ ДИСКВАЛИФИКАЦИИ, НО ВЛАДАТА…
Левица: Инспекторката Зашовска наградена со унапредување поради…
ИНСПЕКТОРКАТА ЗАШОВСКА НАГРАДЕНА СО УНАПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ЗАШТИТАТА…
Левица: Државата остана без народен правобранител за…
ДРЖАВАТА ОСТАНА БЕЗ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ВРЕДИ…
Левица: ДПМНЕ да го напушти менталитетот на…
ДПМНЕ ДА ГО НАПУШТИ МЕНТАЛИТЕТОТ НА ОПОЗИЦИЈА…