Левица: Инспекторката Зашовска наградена со унапредување поради заштита на Бојан Христовски од АНБ
ИНСПЕКТОРКАТА ЗАШОВСКА НАГРАДЕНА СО УНАПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ЗАШТИТАТА НА БОЈАН ХРИСТОВСКИ ОД АНБ
#Левица продолжува да објавува нови информации за партиската послушност и незаконското постапување на инспекторите во Просветниот инспекторат, кои единствено делуваат под партиска наредба. Просветната инспекторка СОЊА ЗАШОВСКА(и поранешен советник на ДПМНЕ во Општина Гази Баба) е типичен приказ дека во партизираните институции напредуваат само партиските ПОСЛУШНИЦИ, кои без приговор ги штитат незаконските дејанија на власта.
Имено, сознанијата на Левица се дека инспекторката Зашовска ескпресно добила унапредување во РАКОВОДИТЕЛ, откако истата констатира дека нема пропусти во фалсификат дипломата на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Потсетуваме дека Левица го објави скандалот со дипломата на Христовски, стекната на приватен универзитет во сопственост на поранешен вмровски градоначалник (универзитет кој единствено служи само за принтање дипломи за некадарните функционери од ДПМНЕ).
Ова не е изолиран случај на изигрување на законите кај инспекторката Соња Зашовска, која се стави во заштита и при НЕЗАКОНСКО УНАПРЕДУВАЊЕ на сдсмовски кадар на Универзитетот ,,Визион” во Гостивар. Во овој случај, се работи за поранешната советничка на Славјанка Петровска – ВЕСНА ПОПОСКА. Попоска, иако докторирала на национална и меѓународна безбедност и меѓународни односи, сепак е избрана во звање доцент во научното поле “правни науки”!?
И повторно, овој предмет завршува кај вмровската инспекторка Зашовска која врши инспекцисли надзор и го ЗАТВОРА СЛУЧАЈОТ без констатирани недостатоци, како и со директорот на АНБ. Очигледно, поради заштитата при грубо кршење на законите и на вмровски и сдсовски кадри, инспекторката Зашовска добива унапредување за да продолжи да ги штити партиски инсталираните кадри во руинираниот и корумпиран систем!
Молкот на министерката за образование Весна ЈАНЕВСКА за скандалите во Просветниот инспекторат потврдува дека инспекторите се под директна контрола на нејзината партија и дека наместо професионален кадар, Испекторатот е дувло на партиски послушници.
Незаконските унапредувања на несоодветни кадри во образовниот систем само дополнително ја демотивира младата интелегенција да остане во Македонија. Владата на Мицкоски докажа дека ДЕГРАДАЦИЈАТА НА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ продолжува под нивно менторство – и само партиските кадри просперираат во оваа држава, без разлика дали се од ДПМНЕ или од СДС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АНБ формираше Центар за обука
Агенцијата за национална безбедност формираше Центар за…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…