До петок ќе завршат анализите за цените на шекерот, јајцата и зејтинот

t

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува до петок да завршат анализите кои треба да покажат дали ќе се замрзнат цените на шекерот, јајцата и зејтинот.

Како што рече вечерва во гостување на телевизија Телма, се чекаат дополнителни податоци од стопанските комори и Царинската управа.

-Не се завршени анализите. Очекувам до петок да бидат завршени. Очекуваме дополнителни податоци од коморите и Царинската управа. Тогаш ќе ја информираме Владата. Ако има простор за намалување на цените, тоа ќе го направиме. Моментно никој не работи со загуби, но, повторно ќе кажам, додека не ги имаме сите влезни податоци нема да носиме одлука. Главно производителите се повикуваат на цената на сојата и на пченката. Кај цените на пченката на светските берзи има намалување, а спротивно е за сојата, истакна Бектеши.

Според него, анализи за цените на месните производи, овошјето и зеленчукот во Министерството за економија не се прават.

-Министерството за економија нема механизми за мерки во делот на овошејто и зеленчукот. Разговарав со министерот Љупчо Николовски Министерството за земјоделство да направи анализи. Ако МЗШВ има конкретен предлог, ќе го прифатиме. Истото важи и за месните производи, подвлече Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

СДСМ: Откако се покачија, Владата ги замрзна…

Од СДСМ велат дека последната одлука на…

Владата утре ќе разгледува мерки за цените

Владата на утрешната седница ќе отвори дискусија…

(Видео) СДСМ предлага намалување на ДДВ за…

Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните…

Цените на мало бележат нов раст од…

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…