ДПИ ќе казнува за ненамалени цени и немање натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“

t

Трговците што на основните прехранбени производи кои треба да имаат ограничена профитна маржа ги немаат поставено ознаките „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ од денеска ќе се соочат со казни, информираат од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Во теренските проверки што биле направени во текот на вчерашниот ден, откако стапи на сила владината одлука за ограничување на маржата, инспекторите забележале дека во маркетите не се поставени потребните ознаки, иако тоа е обврска која е наведена и во самата одлука која во понеделникот е објавена во „Службен весник“.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски вели дека на трговците им дале рок ознаките да ги постават до крајот на вчерашниот ден.

„Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската“, вели Трајковски во изјава за МИА.

Според него, маркетите се жалеле дека причина за немањето на натписот е тоа што немале време да ги испечатат ознаките.

Повеќе од 70 прехранбени производи од вчера треба да се продаваат со ограничена профитна маржа од 10 отсто, одлука која беше донесена на владина седница. Во списокот за есенската кошничка се наоѓаат производи од пекарската, месната, млечната и кондиторската индустрија, како и овошје и зеленчук и тие нема да смеат да поскапат до 31 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПИ ќе казнува за ненамалени цени и…

Трговците што на основните прехранбени производи кои…

Началникот на Генералштабот на Војската на Србија…

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на…

„Господ ќе ме помилува“: Захарова за потенцијална…

Претставничката на руското Министерство за надворешни работи,…

Израел го турка регионот во отворена војна…

Во заедничка изјава објавена денеска шефовите на…

Регистриран петти случај на западно-нилска треска во…

Пациент од струмичко е хоспитализиран на Инфективната…