Регистриран петти случај на западно-нилска треска во Македонија
Пациент од струмичко е хоспитализиран на Инфективната клиника поради компликации од вирусната западнонилска треска, која ја пренесуваат комарци, објави „Сител“.
Тој е петтиот случај на заразен од оваа болест кој е регистриран во земјава. 62-годишниот човек бил упатен на клиниката од страна на неговиот матичен лекар. При прегледот, пациентот бил во лоша здравствена состојба и имал и невролошки симптоми.
Нема податок дали патувал надвор од Македонија, вели за Сител директорот на Инфективна, д-р Фадил Цана.
При приемот пациентот имал и висок крвен притисок и во консултација со кардиолози, состојбата била ставена под контрола.
Пред девет дена на Инфективна од компликации поврзани со вирусот почина 78-годишен жител на општината Чешиново-Облешево. Во април и јули Институтот за јавно здравје евидентирал двајца заразени со западнонилска треска, кои биле увезени случаи, додека пациентот тестиран во август не патувал надвор од државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војната во Украина се префрла во вселената?…
Потенцијално опасен инцидент во Земјината орбита отвора…
Димитриеска-Кочоска: Продолжена мерката за понизок ДДВ за…
Владата ги продолжи мерките за намалување на…
Наводи за „калашникови“ и „скорпиони“ кај учесници…
Автоматски пушки „калашников“ и автомати „скорпион“ наводно…
Израел ги забрзува процедурите за доселување на…
Израел се подготвува за зголемување на бројот…
Виткоф утре патува во посета на Москва:…
Специјалниот пратеник на Соединетите Држави, Стив Виткоф,…