Драган Мијалковски синоќа го отвори „Карпошово културно лето“

t

Легендарниот Драган Мијалковски, со своите безвременски хитови, ги отвори вратите на овогодинешното Карпошово културно лето- 2023. Стотици грла се сплотија пеејќи ги најголемите хитови евергрини „Кажи нешто драга“, „Кажи зошто ме остави“, „Скопје радост моја“ и многу други, вчеравечер на платото Млечен, кој беше претесен за љубителите на големата музичка ѕвезда Драган Мијалковски.

Имено, кралот на македонските шлагери по пет годишна пауза повторно се враќа на сцената, со што ќе ја одбележи својата богата 60 годишна кариера, како едно од најголемите музички имиња во нашата земја но и на поранешните ЈУ – простори.

Пред многубројната публика се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Граѓаните на Општина Карпош, овие последни летни денови, ќе имаат можност да ги уживаат во музичките вечери, кои оваа година ви ги нуди вашата Општина. Вечерва и те како ќе се навратиме на некогашните најдобри забави со хитовите на Драган Мијалковски, кој е одлична најава за почеток на Културно лето Карпош -2023, задоволно истакна првиот човек на локалната самоуправа.

Карпошовото културно лето годинава ќе се одржува на две локации, на платото пред Млечен и плоштадот Делфина во населбата Влае. И оваа година, програмата е прилагодена за сите генерации која ќе биде исполнета со перформанси за децата, младите и повозрасните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„На Љутков приоритет му е да го…

Синдикатот на вработените во Македонската филхармонија е…

Пензионер од Карпош им се заканувал со…

74-годишен жител на скопската општина Карпош вчера…

Ограбена е обложувалница во Карпош, разбојникот го…

Непознат разбојник вчера попладне ограбил обложувалница во…

Oпштина Карпош: Управниот суд го поништи претходното…

Поради повеќемесечни непринципиелни притисоци кои беа упатени…

Косовец фатен како краде од куќа во…

На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје,…