Драги Рашковски треба да оди во притвор во Шутка, не да дава изјави за медиуми

t

Рашковски би требало да е во ефективен притвор, наместо во куќен, особено откако екс-генералниот секретар на Владата ја прекршие веќе активната мерка на обезбедување и даваше медиумски изјави.

При спроведување на кривичната постапка, спрема обвинетиот можат да се превземат определени мерки за обезбедување на присуство за непречено водење на кривичната постапка како што се покана, мерки на претпазливост, гаранција, приведување, лишување од слобода, задржување, краткотраен притвор, куќен притвор и притвор.

Куќниот притвор како мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот може да се изрече ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело и има услови за определување притвор, при што судот може да определи мерка куќен притвор и да му нареди на тоа лице да не го напушта домот за определено време.

Во решението со кое се определува куќен притвор, покрај забраната за оддалечување од домот или од друг простор, судот може да определи забрана за комуникација со лица или забрана за употреба на средствата за комуникација, односно обврска за почитување на мерките на видео и електронски надзор, или да нареди примена на други мерки наведени погоре.

Ако лицето против кое е определен куќниот притвор се оддалечи од домот или оддруг простор спротивно на забраната на судот, или во определено време не се врати водомот или другиот определен простор, или не се придржува на забраната за комуникација со лицата или забраната за употреба на средствата за комуникација или го избегнува или попречува спроведувањето на мерките на видео и електронски надзор, против тоа лице ќе се одреди притвор. Лицето за тоа ќе се опомене со решението за куќен притвор.

Надзор врз правилно спроведување на мерката притвор спроведува Судот, полицијата и обвинителството, а во случај на прекршување на мерката куќен притвор, судот по сила на закон мора во најкраток можен рок да ја преиначи истата во посилна мерка за обезбедување на присуство на обвинетото лице – во случајов мерка ефективен притвор.

Дрскоста со која Рашковски в лице на целокупната јавност го презентираше неговото влијание врз политичките чинители во земјава – кои пак имаат влијание врз судот – дополнително иритира, особено кога овој случај ќе се спореди со случаите на поранешното СЈО, но и во случаите во кои обвинети се лица кои важат за политички ривал на актуелната власт.

Кога се работи за политички прогон, тогаш судот експресно брзо делува во почитување на мерките и прописите кои произлегуваат од законите, но, двојните аршини тоа не го дозволуваат кога станува збор за претставници на власта.

Со ова се согласува и адвокатот Звонко Давидовиќ кој обрнува внимание и на динамиката на закажување на рочишта кога обвинети се лица кои важат за политички ривали на актуелната власт.

– Ако го следите судството и предметите кои во мигот се водат, а во кој како обвинети се опфатени државни функционери не можете а да не забележите дека дел од предметите кои беа во надлежност на некогашното СЈО постојано се форсираат и судењата се закажуваат речеси секоја недела. Одлагањето на рочиштата во тие предмети е исклучок и кога истото и ќе се случи причините се поткрепени со медицинска или друга документација, но и тогаш судот реагира со обвинување дека одбраната го одолговлекува судењето. Но кога причина за одлагањето на рочиштето е отсуство на обвинителот реакции од судот нема. Понекогаш се оди дури и до таму да и покрај медицинската документација па дури и хирушки зафат направен на еден од обвинетите судот инсистира на негово присуство па истиот со штаки го приведува полиција, вели Давидовиќ.

Давидовиќ додава и дека предметите во кои гонети се претставници на власта, секогаш се држат „под радарот“ и не се јавно експонирани во дневнополитички контекст.
Адвокатот се согласува и дека недозволено е притвореник да дава изјави за медиуми, а притоа судот да не го зема во предвид прекршувањето на мерката куќен притвор и да ја преиначи во потешка форма на обезбедување на обвинетиот.

– Од друга страна пак предметите кои се водат против функционери кои биле дел од актуелната власт или се се уште, немаат таков итен судски третман и рочиштата се закажуваат на месец дена. Причините за одлагањата не се коментираат или нема сомневање во причините за истото па дури дел од тие предмети и не се под лупа на јавноста. Третманот на овие предмети е поинаков дури и кога е во прашање куќниот притвор. Во овие предмети се случи осомничен од куќен притвор да биде пуштен сам да оди на лекар без притоа да има полициска придружба што е пракса во сите други предмети. Покрај ова на обвинетите во овие предмети им се дозволува дури и при спровод со полиција од куќен притвор до судот истите да даваат изјави на новинари што е недозволиво, тврди Давидовиќ за Инфомакс.

Драги Рашковски е обвинет поради сомнение за перење пари при набавка на софтвер во МВР..

Одложено е првото рочиште за случајот против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, поради отсуство на една од обвинетите, Маја Силјановска. Освен Рашковски и Силјановска, во случајот за нелегална набавка на софтвер и за перење пари се обвинети уште Ивица Димитровски, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Христов и Игор Ивановски.

Судскиот процес го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Следното рочиште е закажано за 24 февруари.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања останува во притвор!

Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…

Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Обвинителството бара 48 часовен притвор за тројца…

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје…