Драматична објава на Брнабиќ: Го спасивме животот на Вучиќ и неговите блиски

t

Српската премиерка Ана Брнабиќ оцени дека по апсењето на криминална група „Врачарци“ од Белград, опасноста по животот на српскиот претседател Александар Вучиќ само моментно поминала, бидејќи, како што рече, „мозоците сѐ уште се на слобода”.

– Ја исполнивме нашата главна цел, затоа што го одбранивме животот на претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство, а не верувам дека Радоје Звицер и Никола Вушовиќ се сами, бидејќи којзнае кој уште е таму, изјави денеска Брнабиќ во гостување на ТВ „Прва“.Таа посочи дека имала сознанија за планирањето на убиствата и дека претходно зборувала за тоа и ја искористи можноста да каже дека „медиуми и група аналитичари кои ја исмевале, биле платени од српски тајкуни“.– Тоа дополнително отвори простор за такво нешто да се интензивира и дополнително беше неодговорно. Дали сега можеме да слушнеме барем едно извинување, да покажеме дека се одговорни за тоа што го кажале, рече Брнабиќ.Таа оцени дека оној кој сака да ја дестабилизира Србија и да ја врати во минатото, „најлесната опција за ова е да работи за главата на Вучиќ”.– Срамота е кога некој ќе праша зошто не направивме ништо, а имавме информации – па така и направивме. Го спасивме животот на Вучиќ и неговото семејство. Тоа е континуирана борба, рече српската премиерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…

Болна работа: Ќерка во ќебе две години…

Жителите на Појата, блиску до Чичевац, биле…