Објавено на:

Драматични слики од Грција: Пожарот зафати околу 100.000 хектари, проголта куќи и возила

t

Пожарникарите во Грција повеќе од 24 часа се борат со пожарот во грчката област Атика. Пожарот избувна на неколку фронтови, а уништени се куќи, евакуирани болници, а најмалку 1.000 пожарникари се обидуваат да го локализираат страотниот пожар кој упорно го разгорува силниот ветер.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од авион, направена над околината на Атина, на која се гледа како пожарот безмилосно проголтува се пред себе.

Грчките медиуми јавуваат дека пожарот зафатил околу 100.000 хектари недалеку од Атина. Фотографиите и видеата што ги објавија медиумите покажуваат како пожарот зафаќа куќи и возила.

Пожарот предизвика бројни евакуации на атинските предградија и оддалечените области, бидејќи силните ветрови ги попречија напорите на стотици пожарникари и десетици авиони да ја зауздаат стихијата.

Полициската управа објави видео на своите канали на социјалните мрежи на кое се гледа како полицајците носат луѓе во раце надвор од куќите и до возилата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драматични слики од Грција: Пожарот зафати околу…

Пожарникарите во Грција повеќе од 24 часа…

ЕУ на помош во Грција – пожарите…

Европската унија денеска соопшти дека четири земји-членки…

Масовна евакуација на домови и болници поради…

Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…

Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…