Драма во обложувалница во Шуто Оризари: Разбојници со пиштол ѝ се заканувале на вработена

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – разбојништво.

На 5 декември, во вечерните часови, тројцата осомничени заедно влегле во обложувалница на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари и со употреба на сила и закана со пиштол кон вработената ги одзеле парите од дневниот промет – околу 82.000 денари и побегнале.

Осомничените, на возраст од 35, 36 и 33 години, се повеќекратни сторители на кривични дела, а едниот од нив во моментот на сторување на последното разбојништво бил во бегство, односно оддалечен од КПУ Идризово – Скопје каде издржувал затворска казна и не се вратил од користење  домашно отсуство, соопштија од ОЈО.

Поради сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ограбена е обложувалница во Карпош, разбојникот го…

Непознат разбојник вчера попладне ограбил обложувалница во…

Се бара притвор за двајцата разбојници кои…

Против две лица на возраст од 27…

Ограбена обложувалница во Чаир

На 23.11.2024 во 19.35 часот во СВР…

Полицијата приведе разбојници, ги фатила на лице…

Утрово околу три часот во Скопје, во…

Приведени двајца разбојници во Тетово

Во 20.45 часот на ул.„Иво Лола Рибар"…