Драма во обложувалница во Шуто Оризари: Разбојници со пиштол ѝ се заканувале на вработена

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – разбојништво.

На 5 декември, во вечерните часови, тројцата осомничени заедно влегле во обложувалница на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари и со употреба на сила и закана со пиштол кон вработената ги одзеле парите од дневниот промет – околу 82.000 денари и побегнале.

Осомничените, на возраст од 35, 36 и 33 години, се повеќекратни сторители на кривични дела, а едниот од нив во моментот на сторување на последното разбојништво бил во бегство, односно оддалечен од КПУ Идризово – Скопје каде издржувал затворска казна и не се вратил од користење  домашно отсуство, соопштија од ОЈО.

Поради сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетни разбојници приведени во Центар – ограбиле…

На 28.02.2024 во 14.00 часот на подрачјето…

Ограбена обложувалница во Скопје

Доцна синоќа била ограбена обложувалница во Скопје,…

Обид за тешка кражба на обложувалница во…

На 17.01.2024 во 01.55 часот во спортска…

Драма во обложувалница во Шуто Оризари: Разбојници…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Ограбена обложувалница во Чаир!

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска…