Драма во САД: Маж со пиштол протестира пред куќата на Бајден
Маж со пиштол бил забележан денеска како протестира во близина на домот на претседателот Џозеф Бајден во Вилмингтон, Делавер, пишува Ројтерс.
Мажот облечен во жолто-портокалов заштитен елек, носел натпис, на која на едната страна пишувало : „Бајденови се криминалци, 20 гранати?! Каде е лаптопот? 10% за големиот“.
На другата страна на натписот пишувало: „Џо има псевдоними?! Роберт Л. Питерс, Робин Вер, ЏРН Вер“.
Демонстрантот поминал покрај група новинари назначени да го следат претседателот и се упатил по улицата кон куќата на претседателот, при што бил следен од возило на тајната служба.
Претседателот пристигнал во Вилмингтон во петокот вечерта и на кратко ќе ја посети Белата куќа во недела попладне пред да отпатува во Њујорк на серија собири за собирање средства и да присуствува на Генералното собрание на ОН.
За време на викендот, Бајден излегол само за да присуствува на црковните служби во саботата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…