Драма во Србија: Маж едвај се спасил, по тројца се трага откако се преврте чамец во Дунав
Низ грмушките, над насипот, целиот каллив, изгребан и исцрпен, човекот кој беше единствениот кој успеа да исплива од Дунав кога се преврте чамецот, во кој имаше уште тројца мажи, некако стигнал до брегот и се упатил кон првите куќи во Крњача каде побарале помош, дознава Младен Мијатовиќ, новинар на ТВ Пинк.
Мештаните веднаш повикале полиција, која излегла на терен и која од синоќа интензивно трага и на Дунав и на брегот по исчезнатите тројца мажи од чамецот.
Како што се дознава, еден од тие тројца бил непливач, а како дошло до превртувањето се уште е нејасно, а нејасно е и што правеле синоќа на Дунав по силната струја која предизвикала големи бранови на реката.
Да потсетиме, тројца мажи исчезнаа при превртување на чамецот на Ада хуја, кај мостот Панчевац.
Според првите информации, речната полиција трага по, најверојатно, телата на тројца мажи: Т.Н. (38), М.М. (37), инаку сопственикот на чамецот и Н.М. (36).
Т.М успеал да исплива од Дунав и да се спаси. (37). Со чамец оделе од Ада хуја до Земун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…