Драма во Тетово: Бездомни кучиња нападнале жена, бегајќи од нив ја скршила десната нога и ја повредила раката

t

Со скршеница на десната нога и повредена рака заврши 40 – годишна жена во обидот да избегне напад од бездомни кучиња вчера во Тетово. Непријатниот настан се случил во неделата околу 23 часот на булеварот „Маршал Тито“ кај зелениот пазар.

-Се движев од дома кај зелениот пазар кон автобуската постојка на булеварот за да одам трета смена на работа. Кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардиниерата помеѓу тротоарот и велосипедската патека, но тука се сопнав и ја искршив ногата и ја повредив раката, вели В.С инаку мајка на три деца.

Жената била однесена во тетовската болница каде поради скршеницата на ногата и е направена имобилизација со гипс, а санирана била и повредата на раката. Случајот е пријавен во полиција, со тоа што полициска екипа дошла во болницата да направи записник за пријавениот напад од бездомни кучиња.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…