Драма во училиштен двор во Кичево – 17-годишен ученик нападнал соученик со нож
Шок и вознемиреност во едно кичевско средно училиште откако вчера 17-годишен ученик нападнал соученик со нож. Настанот се случил по кратка расправија меѓу двајцата малолетници, која прераснала во физички напад.
Според првичните информации, осомничениот по вербален конфликт извадил нож и му нанел убодна рана на 15-годишниот ученик. Повредениот бил пренесен на лекарска помош, додека напаѓачот бил приведен на лице место.
Од полицијата потврдија дека 17-годишникот е лишен од слобода, а против него ќе се води постапка за насилство.
Жителите на Кичево апелираат на посериозни мерки за безбедност во училиштата и поголема контрола врз внесување на опасни предмети од страна на учениците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма во училиштен двор во Кичево –…
Шок и вознемиреност во едно кичевско средно…
Мицкоски: Американско-британска компанија ќе инвестира до 150…
Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината…
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје…
Утре во 10:00 часот поради одржување на…
Герасимовски: Комунална хигиена мора да се освести…
Градоначалникот Горан Герасимовски, во изјава за медиуми…
Турски државјани осомничени за помагање на странци…
За кривично дело – Помагање на странец…