Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

t

За кривично дело – Помагање на странец при незаконит престој предвидено во член 212 став 1 и 3 од Законот за странци осомничени се двајца турски државјани, на возраст од 30 и 26 години.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи осомничените во текот на годинава, заеднички, со намера да прибават противправна имотна корист, помогнале на странци да престојуваат во земјава спротивно на одредбите од Законот за странци.

Тие изнајмиле стан на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, каде за одреден паричен надомест им обезбедиле сместување и не го пријавиле престојот на двајца турски и двајца узбекистански државјани, со што им помогнале да престојуваат во земјава подолго од законски дозволениот престој од 90 дена во текот на 180 дена.

Бидејќи постојат околности што укажуваат постоење на опасност од бегство, опасност од влијание врз сведоци и сокривање и уништување на траги и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро

Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…

Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…

Демократската унија за интеграција на изборите за…

Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро

Вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар…

Вработени во МВР без здравствено осигурување, ФЗО…

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека…

Превозниците ќе чекаат решение за престојот во…

Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе…