Драма над грчкото небо: Борбени авиони вратија патнички авион што летал за САД!
На меѓународниот аеродром во Атина синоќа пристигнале пријави за „сомнителни лица“ во два авиона на авиокомпанијата Emirates на летови за Њујорк и Дубаи, поради што авионот што летал за САД морал да се врати во Атина придружуван од грчки борбени авиони.
По проверката, се покажало дека двата аларма биле лажни.
Во моментот кога стигнало предупредувањето, авионот на летот за Њујорк летал над Италија и веднаш добил наредба да се врати на меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина за безбедносни проверки.
Авионот морал да се врати исклучиво по морска рута и придружуван од два грчки борбени авиона Ф-16, пренесува „Катимерини“.
По полициската проверка на сите патници и авионот, „не е пронајдено лицето на кое се однесуваат информациите, ниту пак други сомнителни елементи“, се вели во соопштението на грчката полиција.
За проверката била ангажирана полицијата, вклучително и антитерористичката единица, како и безбедносните сили на аеродромот.
Во исто време имало предупредување за „сомнителен патник“ во авионот за Дубаи, но тој авион се уште бил на аеродромот, поради што и неговите патници поминале низ безбедносни проверки. Исто така, не е откриено ништо сомнително.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон: Историската операција во Иран ја извршија…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи…
Иран: Трамп лаже, штетата врз нашиот главен…
Иран тврди дека нападот на американските сили…
И Германија го повика Иран да разговара…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…
Трамп го предупреди Иран: Секоја одмазда ќе…
Откако се обрати до нацијата, претседателот на…