Објавено на:

Драма на лет во САД: Патник се заканувал со експлозив

t

Патник на летот на „Алјаска ерлајнс“ од Атланта, Џорџија, до Сиетл, Вашингтон, беше обвинет за закана за бомба.

Поради неговата закана, пилотите го приземјиле авионот во Спокејн, Вашингтон, објави „Сиетл тајмс“.

Како што пренесува весникот, во документите доставени до Окружниот суд на САД, се наведува дека Брендон Скот (38) се соочува со обвинение за лажни информации и измама.

Скот им рекол на инспекторите дека ја дал лажната закана надевајќи се дека ќе биде уапсен бидејќи членовите на моќен картел чекале во Сиетл да го убијат.

Откако авионот полетал во средата попладне, Скот и дал белешка на стјуардесата во која пишува дека има „неколку килограми“ рачно изработен експлозив во рачниот багаж и детонатор, според судските документи.

Во пораката Скот барал авионот да биде пренасочен на „кој било друг аеродром“ и се заканил дека ќе ги убие сите во авионот доколку слета во Сиетл, пренесе АП.

Во пораката, исто така, се наложува на стјуардесата да ги предупреди пилотот и контролорите на летање, но тоа да не го открива на другите во авионот, се вели во документите.

Во пораката тој наведува дека „мирно“ ќе се предаде по пристигнувањето на пренасочената дестинација, се вели во судската пријава.

По пристигнувањето во Спокен, Скот бил приведен, но при претресот не бил пронајден експлозив, според судските документи.

Скот е во затвор и се соочува со затворска казна до пет години и можна парична казна од 250.000 долари доколку биде осуден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…

Собранието денеска ги усвои измените на Законот…

НАД 216 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ!

Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства…