Објавено на:

Драма на небото: Избегнат судир меѓу руски авион и американски дрон

t

На 30 јули беспилотното летало МК-9 на проамериканската антитерористичка коалиција опасно се приближи до авионот Су-34 на руските воздушни сили на оддалеченост помала од 100 метри, изјави контраадмирал Олег Гуринов, заменик началник на рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија.

„На 30 јули во 06:53 часот, на надморска височина од 5.000 метри во областа Рака, бил забележан опасен пристап на беспилотното летало МК-9 на (американската) коалиција до авионот Су-34 на руските воздушни сили на далечина од неполни 100 метри“, навел Гуринов.

Заменик-шефот на рускиот центар истакна дека американската коалиција не престанува да испраќа дронови во жешката зона.

„Благодарение на високиот професионализам на руските пилоти и навремените мерки што ги презедоа, немаше судир со коалицискиот дрон“, нагласи Гуринов.

Според неговите зборови, во изминатите 24 часа, коалицијата 12 пати го прекршила протоколот за избегнување конфликти, поврзани со летови на беспилотни летала кои не се координирани со руската страна, пренесува „Спутник“.

„Во областа Танф, низ која минуваат меѓународни воздушни рути, забележани се 13 прекршувања на сирискиот воздушен простор од четири пара ловци Ф-16, два пара ловци Ф-35 и едно повеќенаменско коалициско беспилотно летало МК-1Ц“, додаде Гуринов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, повеќемина се повредени при…

Едно лице загина, а други се повредени…

Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…

Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…

Руските ученици ќе учат да летаат со…

Во руските училишта се воведува посебен модул…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Илон Маск го прозва Бајден поради американски…

Тоа е „сериозен проблем“ доколку Гонзало Лира…