Драма пред судница во гостиварскиот суд: Жена и нејзиниот татко нападнати од поранешниот сопруг и свекорот

t

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

-Двајцата соизвршители, син и татко на возраст од 30 и 54 години, наведеното дело го сториле на 20 април, во чекалница пред судница на гостиварскиот суд. Тие физички ја нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првообвинетиот и нејзиниот татко, удирајќи ги со тупаници и клоци по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди. Во исто време, обвинетите со своето однесување предизвикале чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот, инаку полициски службеник, додека за неговиот татко на сила се определените мерки на претпазливост.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери – Лапсли: Македонија е ценета членка…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Таткото на Вања со нова жалба пред…

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по…

Две златни медали за Македонија: Нов успех…

Две златни медали за Македонија! Ова не…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…