Драстичен пад на светските берзи, каматите ќе растат повеќе од очекуваното

t

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи станува сè поочигледно дека поради зголемената инфлација каматните стапки на централната банка ќе достигнат повисоки нивоа од очекувањата на пазарот и ќе останат на нив подолго од очекуваното.

На Волстрит, Dow Jones падна за 3 отсто, на 32.816 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,7 отсто, на 3.970 поени, а индексот Nasdaq 3,3 отсто, на 11.394 поени.

По силните добивки во јануари, индексите загубија дел од тие добивки во февруари, бидејќи надежите дека американската централна банка наскоро ќе го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки избледеа.

Сите најнови податоци покажуваат дека американската економија е многу отпорна на агресивното зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД.

Така минатата недела беше објавено дека во четвртиот квартал од минатата година американскиот бруто домашен производ (БДП) порасна за 2,7 отсто, нешто помалку од очекувањата на аналитичарите, но сепак солидно.

Беше објавено и дека минатата недела неочекувано паднал бројот на првите барања за надоместок за невработеност, што покажува дека пазарот на труд е сè уште силен.

Дополнително, податоците за инфлацијата и потрошувачката останаа над очекувањата на аналитичарите, што значи дека инфлациските притисоци би можеле да останат зголемени подолг период од очекувањата на пазарот.

Поради ова, сега се проценува дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки уште најмалку два или три пати, на 5,35 отсто до јули, а цената на парите би останала на овие нивоа до следната година.

Инвеститорите се надеваа дека основната каматна стапка на ФЕД може да остане под нивото од 5 проценти и дека ФЕД ќе започне циклус на намалување на стапката на крајот на годината.

И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 1,6 отсто, на 7.878 поени, додека франкфуртски DAX падна за 1,8 отсто, на 15.209 поени, а париски CAC за 2,2 отсто, на 7.187 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пораснаа цените на нафтата на светските берзи

На лондонската берза цената на барелот за…

Цените на нафтата над 90 долари за…

Цените на нафтата на светските берзи растат…

Драстичен пад на светските берзи, каматите ќе…

На светските берзи цените на акциите паднаа…

Светските берзи во пораст, можеби ќе се…

На светските берзи минатата недела цените на…

Поевтини струјата на берзите: Владата бара најдобри…

Македонската Влада прави напори за изнаоѓање на…