Цените на нафтата над 90 долари за барел
Цените на нафтата на светските берзи растат веќе три недели по ред, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 10 месеци. Водечките светски производители – Саудиска Арабија и Русија, одлучија да го задржат намаленото производство, а Азиските берзи укажуваат на нов раст.
Извештаите од утринава од азиските берзи покажаа дека интересот за суровата нафта „брент“ порасна за пет центи, или 0,1 отсто, на 93,98 долари за барел, додека американската „Вест Тексас интермедит“ беше на 90,92 долари за барел, што претставува зголемување од 15 центи или 0,2 отсто.
Намалувањето на производството во јули ја стабилизираше побарувачката, но аналитичарите на Меѓународната агенција за енергија и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) прогнозираат дека глобалната побарувачка на нафта може да достигне 2,1 милиони барели дневно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…
Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…
Цените на нафтата се намалија денеска откако…
Победата на демократите ги потресе светските берзи
По американските индекси на фјучерси, цените на…
Нафтата над 117 долари, ОПЕК+ не попушта:…
Седум земји од ОПЕК+ одлучија денеска во…
Цената на нафтата падна под 108 долари…
Цената на Брент се спушти под 108…