Државен завод за статистика: Просечната нето-плата за јуни изнесувала 31.812 денари

t

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 31 812 денари и е за 11,5 проценти повисока од просечната плата во истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти), Стручни, научни и технички дејности (17,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (16,3 проценти), појаснуваат оттаму.

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите за Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (4,3 проценти), Рударство и вадење на камен (3,9 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,9 проценти).

Во јули годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47 590 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Очекувано: Ова се државите со најголем број…

Твитер профилот на Ворлд оф Статистикс објави…

Владата е од друга планета?! Народот мака…

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…

Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…

Димовски: Да им се помогне на работниците…

Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија,…