Димовски: Да им се помогне на работниците кои земаат пониски плати

t

Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, Дарко Димовски вчера вечер најави дека Синдикатот ќе ги разгледа антикризните мерки што ги претстави премиерот Ковачевски и ќе го изнесе својот став на седницата на Економско-социјалниот совет во среда.

Според Димовски, „Владата треба да знае дека треба да се помогне на работниците кои земаат пониски плати“.

-Премиерот кажа дека никој нема да оставиме сам да се справи со кризата. Еве ние работниците сме оставени. Во кој дел сме ние тука помогнати јас не знам и ќе прашам на Економско социјалниот совет, рече Димовски во гостувањето на вестите на Тв Сител.

Тој посочи дека преку 110.000 работници се на минимална плата согласно податоците на УЈП.

-Знаејќи дека една минимална плата од 18.000 денари и една просечна плата од 31.800 денари не ја покриваат оваа минимална синдикална потрошувачка кошничка која му треба на едно четиричлено семејство да го преживее месецот, дали ова е доволен показател дека требаше баш во овие мерки од 350 милиони, како што велат од Владата да бидат вкалкулирани овие работници, укажа првиот синдикалец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Владата е од друга планета?! Народот мака…

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…

Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…

Димовски: Да им се помогне на работниците…

Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија,…