Државниот пазарен инспекторат цели 5 години не извршил контрола во дискотеката „Пулс“!

t

Од деталите кои ги објави Обвинителството за отворената истрага за трагедијата во Кочани, се забележува дека Државниот пазарен инспекторат цели 5 години не влегол во дискотеката „Пулс“ за да изврши контрола.

-Поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат и три службени лица инспектори, иако биле должни да вршат инспекциски надзор, не ги извршиле своите службени должности и во периодот од 09.01.2020 година до 16.03.2025 година во ниту еден наврат не извршиле контрола над работењето на правното лице за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува пријавените минимално-технички услови наведени во барањето за Лиценца за вршење на угостителска дејност – кабаре, и другите пропишани услови согласно закон, со што овозможиле Кабарето ПУЛС незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност, наведуваат од Обвинителството.

Логично е да се постави прашањето, доколку поранешниот директор на ДПИ пропуштил да преземе дејствија и не извршил контроли во дискотеката, како се амнестира од вина и актуелниот директор кој исто така со месеци не извршил контрола во истата дискотека?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…