Дрон го наруши воздушниот сообраќај на аеродром во Германија

t

Неидентификуван дрон предизвика прекини во сообраќајот на аеродромот во Хановер синоќа, соопшти германската федерална полиција.

Неколку авиони беа пренасочени, а летовите беа накратко целосно прекинати, објави германскиот NDR.

Портпаролот на полицијата изјави дека дронот бил забележан над блиската индустриска зона.

Аеродромот беше затворен од 22:00 до 22:45 часот, а три лета беа пренасочени. Еден авион што требаше да пристигне од Франкфурт до Хановер беше пренасочен кон Хамбург, додека преостанатите летови беа одложени, но слетаа и полетаа успешно.

Слични инциденти се повторуваат во Германија веќе неколку месеци, истакнуваат локалните медиуми.

Минатата недела, дрон беше забележан во близина на аеродромот во Бремен, што доведе до прекин на летовите речиси еден час, додека аеродромот Берлин БЕР беше затворен околу два часа минатиот петок поради дрон.

Аеродромот во Хановер беше привремено затворен и кон средината на септември поради дрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрон го наруши воздушниот сообраќај на аеродром…

Неидентификуван дрон предизвика прекини во сообраќајот на…

Германија им нуди пари на Авганистанците ако…

Германската влада им понудила финансиска надомест на…

Германија и НАТО ја зголемуваат помошта за…

Германија планира да ја зголеми финансиската помош…

(Фото+видео) Со 600 килограми динамит за 15…

Ладилните кули на нуклеарната централа Гундреминген во…

Мерц: На Украина и е потребен мировен…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц по телефонскиот разговор со украинскиот…