Дрон го наруши воздушниот сообраќај на аеродром во Германија
Неидентификуван дрон предизвика прекини во сообраќајот на аеродромот во Хановер синоќа, соопшти германската федерална полиција.
Неколку авиони беа пренасочени, а летовите беа накратко целосно прекинати, објави германскиот NDR.
Портпаролот на полицијата изјави дека дронот бил забележан над блиската индустриска зона.
Аеродромот беше затворен од 22:00 до 22:45 часот, а три лета беа пренасочени. Еден авион што требаше да пристигне од Франкфурт до Хановер беше пренасочен кон Хамбург, додека преостанатите летови беа одложени, но слетаа и полетаа успешно.
Слични инциденти се повторуваат во Германија веќе неколку месеци, истакнуваат локалните медиуми.
Минатата недела, дрон беше забележан во близина на аеродромот во Бремен, што доведе до прекин на летовите речиси еден час, додека аеродромот Берлин БЕР беше затворен околу два часа минатиот петок поради дрон.
Аеродромот во Хановер беше привремено затворен и кон средината на септември поради дрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…