Дрон се урна во нафтен терминал во Русија!

Дрон се урна во нафтениот терминал во Орловската област во Русија, на околу 200 километри од украинската граница, изјави гувернерот Андреј Кличко.
„Утринава околу четири часот по полноќ, беспилотно летало удри во нафтениот терминал во населбата Стални Кон“, напиша тој на својот канал „Телеграм“.
Никој не беше повреден“. Итните служби работат на лице место“, додаде Кличко.
Иако регионот нема граница со Украина, тој се граничи со руските региони Курск и Брјанск, каде официјални лица пријавија повеќекратни украински напади откако Русија ја започна својата воена операција во соседната земја на 24 февруари.
Според извештаите, дронот удрил во горниот дел од челичниот резервоар, кој е „четвртина“ полн со нафта. Во соопштението се додава дека нема протекување или пожари.
Терминалот е дел од нафтоводната мрежа „Дружба“, која ја снабдува Европа со руска нафта.
Орловската област, заедно со неколку соседни региони, беше ставена во состојба на готовност минатиот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…